Маркетинг Контакт Редакција
Прометот на охридските угостители преполовен
Прометот во угостителските објекти во Охрид по стапување на сила на Законот за заштита од пушење е намален за половина. Ова го тврдат сопственици на угостителски објекти кои објаснуваат дека прометот  осетно е намален преку ден.

- Денски прометот сега е помал двојно во однос на истиот период минатата година, а навечер за 15 до 20 проценти, велат угостителите со кои раговараше екипата на Ohridnews.

Неодамна Охрид го посети министерот за економија, Фатмир Бесими, кому угостителите од градот му се пожалија на негативните ефекти од Законот заштита од пушењето. Министерот истакна дека тоа е само краткорочна последица, додека на долгорочен план, според него, законот ќе ги постигне посакуваните ефекти, а состојбите во угостителскиот бизнис ќе се стабилизираат.

Г.М.


08.02.2010 07:30

Прочитана е : 1502 пати

Bookmark and Share
© 2010 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com
Lake Ohrid
compare database
Price Advisor
Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833