Маркетинг Контакт Редакција
Јавните претпријатија ќе ги плаќаат долговите на рати!
Собранието на Република Македонија донесе Закон за плаќање на рати на даночните долгови на јавните претпријатија основани од Република Македонија или од општините. Со законот се предвидува плаќање на долговите на јавните општински претпријатија на рати на 10 години со грејс период од 3 години , без камати.

Со реакција на донесениот закон денеска се јави ВМРО ДПМНЕ, според која истиот е од големо значење за општина Охрид.

- Овој закон ќе има големо значење затоа што со ова ќе се овозможи Јавните  претпријатија “Проаква” и  “Комуналец” да се раздолжат од долговите и вработените конечно да почнат да земаат плата. И покрај тоа што локалната власт во Охрид е на СДСМ и многу често и неодговорно работи надвор од интересот на Охрид , сепак за нас како партија и како владеачко мнозинство во државата на прво место се граѓаните и работиме со цел им помогнеме на сите нив, се наведува во соопштението.

Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека со донесување на Законот за плаќање на рати на даночните долгови на јавните претпријатија, во иднина не треба да има оправдување за евентуалните неуспеси во работењето на „Проаква“ и „Комуналец“, како и за изјавите на преставниците на локалната власт  дека некој го блокира Охрид.

Ohridnews

08.02.2010 15:33

Прочитана е : 591 пат

Bookmark and Share
© 2010 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com
Lake Ohrid
compare database
Price Advisor
Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833