Маркетинг Контакт Редакција

08.09.2010 16:02

Кривични пријави и притвор за нелезаконска легализација на станови

08.09.2010 15:00

СВР- Охрид: Продолжуваме професионално да работиме во заштита на граѓаните

08.09.2010 14:24

Универзитетскиот комплекс на Плаошник ќе биде готов во 2014 година

08.09.2010 14:11

Роиг ја одбрана титулата, нов рекорд за Суботиќ

08.09.2010 14:00

Честитка од градоначалникот Петрески по повод Денот на независноста и празникот Рамазан Бајрам

08.09.2010 13:15

Казни за оние кои работаат за празник

08.09.2010 12:30

Општина: Лага е дека планираните за набавка екрани со допир чинат 70.000 евра

08.09.2010 11:30

Се чистат руралните средини

08.09.2010 10:15

Јавната безбедност на дневен ред на дваесет и третата седница на советот

08.09.2010 09:50

Стоилов е првиот селектор кој се раздели од клупата

08.09.2010 09:10

„19 години независна Македонија! 19 години независно новинарство..?“

08.09.2010 08:45

Трифуноски суспендиран месец дена

08.09.2010 08:00

Благослов за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник

08.09.2010 07:30

Ќе се сече лента на регионалниот пат Струга – Дебар

08.09.2010 07:05

Роиг : “Очекувам интересна и неизвесна трка“

Црвенковски: На Пештани треба да му се помогне
Ситуацијата во Пештани е далеку од стабилна и на населението треба да му се помогне, истакна лидерот на опозициската СДСМ при денешната посета на Пештани. Според него состојбата со високото ниво на Охридското Езеро, а  особено во Пештани, е критична и тешка.

- Овие луѓе не можат сами да се справат со својата неволја. Потребна е координирана помош, пред се на државата заедно со локалната самоуправа, за да се види што треба веднаш да се стори за да се намали ризикот, од уште поголеми штети, како и од најголемата опасност односно ризикот од прелевање и мешање на водите и појава за зарази, рече Црвенковски.



Во разговорот со жителите на Пештани, на Црвенковски му било посочено дека е  потребно итно поврзување на селото на  Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, како и решавање на прашањето со отпадните води. Лидерот на СДСМ смета  државата треба да предвиди  финансиски средства за помош на граѓаните, кои што по нормализирањето на временските прилики ќе треба да ги вратат своите живеалишта во нормална состојба.

- Луѓето кои живеат тука имаат реални проблеми Полните подруми, куќите полни со вода, потпорните ѕидови што се уриваат, тоа е реален, тежок живот со кој се соочуваат овие луѓе. Ако треба да има политика, тука треба да има единствена политика, и од страна на централната и од страна на локалната власт за да им се помогне на овие луѓе, рече Црвенковски, додавајќи дека во неговата посета на Пештани нема политика.



Црвенковски изрази загриженост дека ситуацијата дополнително може де се усложни поради неповолните временски прилики изнесувајќи мислење дека  ваквата ситуација можела  да се избегне доколку навремено било овозможено истекување на водата од езерото.

На посетата на Црвенковски на Пештани реагираа дел од жителите на селото кои сметаат дека таа е во функција на дневната политика. Тие изразија и негодување од неисполнетите ветувања на локалната самоуправа дека ќе го приклучи селото на колекторот, а му замерија и на градоначалникот Петрески, што во ситуација на криза отпатувал во Австралија.

OhridNews


10.03.2010 13:50

Прочитана е : 1555 пати

Bookmark and Share
© 2010 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com
Lake Ohrid
compare database
Price Advisor
Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833