Маркетинг Контакт Редакција

09.09.2010 15:30

Граѓаните сметаат дека има корупција во образовниот систем

09.09.2010 14:15

Продолжуваат обвинувањата на релација: ВМРО- ДПМНЕ - Локална власт

09.09.2010 14:12

Распад систем на Македонија во Загреб

09.09.2010 13:21

Тепачка пред кабаре во центарот на Охрид

09.09.2010 12:45

Дербито Тиквеш - Охрид за Блажески, Јовчески на “Билјанини“

09.09.2010 12:30

Охриѓанка меѓу најуспешните македонски иселеници во Австралија

09.09.2010 11:30

Охриѓани го искористија убавото време за да се плажираат

09.09.2010 10:20

Домашните миленици и понатаму жртви на несовесните граѓани

09.09.2010 10:15

Џајо : “Овој Охрид може многу“

09.09.2010 09:15

Петрески и Груевски се видоа ама не се сретнаа

09.09.2010 08:45

Панџак : “Судиите ни го скратија бодовното салдо“

09.09.2010 08:00

Охридски денови на гостопримството и туризмот во Југоисточна Европа

09.09.2010 07:15

Стефаноски :“ Големиот број угорнини, најголем проблем“

09.09.2010 07:05

Организациски хаос на Сребрениот маратонски јубилеј

09.09.2010 00:15

Се слави Рамазан Бајрам

Законот за домување, неспроведлив во Охрид
Законот за домување, кој во сила треба да  стапи на 13  август, во Охрид не може да се спроведе, предупредуваат претставници на Куќните совети и жители на колективни станбени згради. Како основна причина за тоа тие го посочуваат големиот број викенд станови кој според груби проценки се движи помеѓу 7 и 10 000.

- Вака како што се поставени работите, граѓаните ќе наидат само на тешки и нерешливи проблеми. Знаеме дека во Охрид ретко која зграда е комплетно населена, претежно тоа се луѓе од Скопје, Белград…. од страна луѓе, а некој  едноставно  20 години  не се појавени, не можеме да ги најдеме. Има проблеми околу наплатата, околу организирањето на Куќните совети...-вели Илија Магденоски, жител на зградата 101 на бул. „Туристичка“.



Тој укажува дека граѓаните воопшто не се консултирани при донесувањето на овој закон. Смета дека тој треба да падне и да претрпи големи измени. Магденоски пред 4 години поднел предлог до охридската локална самоуправа за нова организација на Куќните совети, кои според него не треба да се бришат во новиот Закон за домување.

- Мислам дека треба да остане Куќниот совет онака како што беше. И предложив на локалната самоуправа да иницира  закон со кој би се вработиле можеби до 10 000 луѓе. Имаме многу објекти во државата и ако не на секој, барем на по три објекти едно лице да се вработи, а тоа да оди организирано преку Куќниот совет и Агенцијата за вработување. Тие лица би обезбедиле егзистенција, а станарите тоа нема да ги чини повеќе од 50-100 денари месечно, што за нив е прифатливо, за разлика од предложениот Закон за домување кој дебело ќе не чини. Друг проблем е тоа што организациски нема да можат да се постават работите затоа што ги нема луѓето кои имаат станови во колективните згради во Охрид.-додава Магденоски.

На мака се и викендашите. Нивните згради во зима зјаат празни, а во лето кога најчесто доаѓаат сопствениците на становите, куќните совети не можат да ги наплатат ниту основните средства за тековно одржување.

- Многу е тешко да се наплати од станарите дури и минимални средства за одржување што изнесуваат не повеќе од 500 денари годишно за да се одржи лифтот и да се плати струја за осветлување. Тоа се единствени трошоци кои што успеваме моментално да ги собереме благодарение на ангажманот на двајца тројца во зградата, но тоа не обезбедува средства ниту за чистење, а камо ли за некаков резервен фонд или поправка на покрив и слично.-вели актерот Петар Арсовски, жител на таканаречените скопски згради во населбата Далјан.



Арсовски смета дека најдобро би било Владата да ја одложи примената на Законот за домување затоа што граѓаните воопшто не се запознаени со обврските кои произлегуваат од него, освен тоа дека за непридржување кон истиот следи казна од 300 евра.

- Единствено со што се мафта и за што се говори наоколу е таа голема казна од 300 евра по станар, ништо друго не знаат луѓето: како треба да се организраат, како се ангажираат фирми за одржување на становите, од каде ќе се најдат пари за тоа, кои се луѓето што треба да им помогнат? Ваков еден  обемен закон, кој е запоставен, треба да се донесе, но најпрвин треба да се спроведе кампања од најмалку една година, со флаери, емисии на телевизија, за да можат луѓето да го разберат тој закон, инаку вака нема шанси тој да заживее. Може да се спроведуваат казни, но кој ќе ги плаќа тие казни, луѓето се револтирани затоа што во ова време и во оваа голема сиромаштија да се мафта со казна од 300 евра е навистина непримерно.-додава Арсовски.



Иако Законот за домување во сила стапува за помалку од три недели, ретко која од колективните станбени згради во Охрид има регистрирано заедница на станари, или пак ангажирала фирма за одржување на зградата. Слична е состојбата и во другите општини, но и покрај забелешките на граѓаните, државата најави дека нема намера да го пролонгира датумот за импементацијата на Законот за домување.

Горан Момироски

25.07.2010 08:00

Прочитана е : 1572 пати

Bookmark and Share
© 2010 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com
Lake Ohrid
compare database
Price Advisor
Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833