Маркетинг Контакт Редакција

09.09.2010 15:30

Граѓаните сметаат дека има корупција во образовниот систем

09.09.2010 14:15

Продолжуваат обвинувањата на релација: ВМРО- ДПМНЕ - Локална власт

09.09.2010 14:12

Распад систем на Македонија во Загреб

09.09.2010 13:21

Тепачка пред кабаре во центарот на Охрид

09.09.2010 12:45

Дербито Тиквеш - Охрид за Блажески, Јовчески на “Билјанини“

09.09.2010 12:30

Охриѓанка меѓу најуспешните македонски иселеници во Австралија

09.09.2010 11:30

Охриѓани го искористија убавото време за да се плажираат

09.09.2010 10:20

Домашните миленици и понатаму жртви на несовесните граѓани

09.09.2010 10:15

Џајо : “Овој Охрид може многу“

09.09.2010 09:15

Петрески и Груевски се видоа ама не се сретнаа

09.09.2010 08:45

Панџак : “Судиите ни го скратија бодовното салдо“

09.09.2010 08:00

Охридски денови на гостопримството и туризмот во Југоисточна Европа

09.09.2010 07:15

Стефаноски :“ Големиот број угорнини, најголем проблем“

09.09.2010 07:05

Организациски хаос на Сребрениот маратонски јубилеј

09.09.2010 00:15

Се слави Рамазан Бајрам

Тајните на градот Содома вечерва на Охридско лето
Скриените тајни,  големата љубов и приказната за исчезнатиот град Содома,  раскажани  преку мирни и смирувачки стихови на една жена, ќе донесе  неповторлива  енергија и емоции за гледачите, кои вечерва ќе ја проследат петставата Содома Љубов моја. Претставата ќе ја изведе “Ро Меџик тетарот” од Даблин, Ирска, во Предворјето на црквата Света Софија, како дел од Јубилејната програма на Охридко лето. Главната улога во претставата  ја игра  неповторливата Олвен Фуере под режисерската палка на Лин Паркер.

Познавачите на театарската уметност велат дека она што е карактеристично во претставата е мултимедијалниот концепт и пристап што го имаат Олвен Фуере и Лин Паркер.

-Она што Олвен го прави во претставата е навистина  вчудоневидувачки за гледање затоа што има минималистички пистап кон играта. Таа го руши  Европскиот ситем на тетарски случувања и создава една потполно нова форма на изразување на една прекрасна тема како што е Содоме моја љубов.-вели Ѓорѓи Јолески, селектор на драмската програма на Охридко лето.

Тој истакна дека театарот “Ро Меџик”, Олвен Фуере и целата екипа од Република Ирска, се откажале од хонорарите за настап на Охридско лето се со цел да придонесат за јубилејното издание на фестивалот.

-Ова го сметам како голем чин на пријателство, голем чин на соработика и во името на Охридско лето и Македонија им  упатувам голема благодарност, што влегоа во семејството на тетарарски претстатви кои биле прикажани на Охридско лето и на неговиот 50-годишен  јубилеј. –рече Јолески.

Олевен Фуере вели дека текстот на претсавата е виско естетизиран, но е многу поетски и има многу нивоа на кои што морало да се работи.

- Тоа што ме возбуди мене во претставата е токму предизвикот да се искажат некои нешта но не се знае точно за што се работи. Текстот повеќе зборува за тишината отколку што зборува за она што треба да се каже. Тоа е еден текст за една жена која што е закопана во сол и која што оживува и ги кажува работите што мора да ги каже. -вели Фуере.

Таа објаснува дека претставата е поразлична од првичната, која што била изведена на премиерата во Даблин.

-Претставата е адаптирана за Предворјето на Света Софија, каде што ќе биде изведена, што значи дека е направена  преадаптација од премиерната  изведба која што беше во Даблин, Ирска. Она што е како мултимедијален концепт е потполно променето и не е толку смирена и мирна како што беше на премиерата. Според мене оваа изведба ќе биде поекспресивна. –нагласи  Фуере.

Олевен Фуере е сестра на евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере. Таа  во својата актерска кариера имала изведби со повеќето од поголемите театарски компании во Ирска и Велика Британија, играјќи улоги во бројни продукции во Даблин, во Кралскиот Национален театар и Кралската компанија на Шејкспир во Велика Британија и во Вест Енд. До скоро, таа била Уметнички Директор на Оперејтинг Театар кој го формира заедно со композиторот Роџер Дојл.

Е.Е.

31.07.2010 09:30

Прочитана е : 469 пати

Bookmark and Share
© 2010 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com
Lake Ohrid
compare database
Price Advisor
Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833