Маркетинг Контакт Редакција
Лушо : “ Класата 4.7 бара физичка и кондициска подготвеност “
Стружанецот Ердал Лушо беше единствениот македонски преставник на  33- та регата Европа куп во Хрватска. Лушо на овогодинешната регата  на која учествуваа 21 земја со рекордни  345 натпреварувачи кои се натпреваруваа во три дисциплини Ласер Стандар, Ласер Радијал и Ласер 4.7 заврши  како 55 во конкуренција од вкупно 62 едриличари  во класата Ласер 4.7.



- Поради недостаток на финансии мораме на вакви квалитетни регати да учествуваме сами со сопствени стредства. Задоволен сум од настапот но и од приемот бидејќи како единствен  учесник од нашата земја на регатата беше истакнато македонско знаме и напишано уставното име на нашата држава Македонија  без никакви додавки – вели младиот стружанец

Лушо кој беше прогласен за најдобар спортист за Струга за минатата година, од класата оптимист премина во класата Ласер 4.7. Секаква споредба за резултати е прерана бидејќИ до прва Ердал треба да ги запознава веШтинтие во новата дисциплина.

- Во класата ласер 4.7 покрај тактичката подготвеност се бара и голема физичка и кондициска подготвеност. Конкуренцијата во класата ласер 4.7 е даелку поголема, а ова класа втора по бројност веднаШ зад оптимистот.Ме очекува упорна работа и многу тренинзи како и настап на многу регати по Што мислам дека ке се вклопам во новата европска конкуренција.

Финасиите ги кројат наредните планови, доколку се обезбедат доволно средства од клубот планираат да настапат на регатата во Франција. Планираат да  настапат на регатите од евро куп, преку кои  може да се добијат поени за  пласман во светскиот ранг во класата ласер 4.7.  

М.П.

09.02.2010 00:15

Прочитана е : 638 пати

Bookmark and Share
© 2010 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com
Lake Ohrid
compare database
Price Advisor
Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833