Маркетинг Контакт Редакција

09.09.2010 15:30

Граѓаните сметаат дека има корупција во образовниот систем

09.09.2010 14:15

Продолжуваат обвинувањата на релација: ВМРО- ДПМНЕ - Локална власт

09.09.2010 14:12

Распад систем на Македонија во Загреб

09.09.2010 13:21

Тепачка пред кабаре во центарот на Охрид

09.09.2010 12:45

Дербито Тиквеш - Охрид за Блажески, Јовчески на “Билјанини“

09.09.2010 12:30

Охриѓанка меѓу најуспешните македонски иселеници во Австралија

09.09.2010 11:30

Охриѓани го искористија убавото време за да се плажираат

09.09.2010 10:20

Домашните миленици и понатаму жртви на несовесните граѓани

09.09.2010 10:15

Џајо : “Овој Охрид може многу“

09.09.2010 09:15

Петрески и Груевски се видоа ама не се сретнаа

09.09.2010 08:45

Панџак : “Судиите ни го скратија бодовното салдо“

09.09.2010 08:00

Охридски денови на гостопримството и туризмот во Југоисточна Европа

09.09.2010 07:15

Стефаноски :“ Големиот број угорнини, најголем проблем“

09.09.2010 07:05

Организациски хаос на Сребрениот маратонски јубилеј

09.09.2010 00:15

Се слави Рамазан Бајрам

Патувањата најголемиот проблем за репрезентативците
Две од две  победи за македонската кошаркарска  репрезентација во двомечот со Катар, кој ни оддалеку не беше замена за “Трофејот  Македонија“ кој требаше да се игра во Охрид. Ниту во вториот натпревар  избраниците на Докузовски не им оставија простор на гостите да се разиграат, победувајќи со 79-61 . На натпреварите против азијците, прва виолина во црвено - жолтиот тим беше 210 цм високиот кавадарчанец Тодор Гечевски кој првиот меч го заврши со 17 а вториот со 18 поени.



- Овие конторли со Катар не беа на  нивото на мечевите кои ги одигравме во Италија и Словенија. За нас ова беше добра можност да се вратиме во ритам.

Гечевски кој подоцна  се приклучи на репрезентацијата, смета  дека нашата група е тешка и  дека дополнителен проблем ќе бидат патувањата. - Репрезентациите во нашата група се квалитетни и ќе се одиграат серија натпревари во краток период. Поголем проблем за нас ќе преставуваат лошите врски на Скопје со останатите дестинации. Патувањата ќе траат долго ние сме навикнати на таков начин и се надевам на најдобро. Се надевам дека ке издржиме и ќе успееме да се квалификуваме на завршницата во Литванија - истакна Гечевски.



Солидна партија  имаше американецот Грин кој за 27 минути минати на паркетот уфрли 11 поени, имаше пет додавања и четири украдени топки. Ако полека се решава проблемот на позицијата еден, за Докузовски затворено е прашањето кај високите играчи кои ќе може да ротираат за време на мечевите.  Во рекетот ќе ги има Антиќ , Гечевски, Самарџиски како и повратникот во репрезентацијата Чековски.



- Натпреварите против Катар не се мерило за нашата силина, натпреварите кои ги одигравме во Италија и Словенија покажаа дека добро сме подготвени и јас како и останатите се надевам на најдоброто, пласман на ЕП. Не го познавме украинскиот состав, но деновиве очекувам да ги гледаме нивните натпревари и да се запознаеме повеќе со нашиот противник. Пеколниот ритам , сметам дека нема да ни смета, бидејки имаме поголем фонд на играчи кои се подготвени да го понесеме товарот, со новото засилување нашата бековска линија ќе биде уште појака. – истакна Чековски.
М.Постоловски

29.07.2010 00:05

Прочитана е : 262 пати

Bookmark and Share
© 2010 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com
Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833