Маркетинг Контакт Редакција

08.09.2010 16:02

Кривични пријави и притвор за нелезаконска легализација на станови

08.09.2010 15:00

СВР- Охрид: Продолжуваме професионално да работиме во заштита на граѓаните

08.09.2010 14:24

Универзитетскиот комплекс на Плаошник ќе биде готов во 2014 година

08.09.2010 14:11

Роиг ја одбрана титулата, нов рекорд за Суботиќ

08.09.2010 14:00

Честитка од градоначалникот Петрески по повод Денот на независноста и празникот Рамазан Бајрам

08.09.2010 13:15

Казни за оние кои работаат за празник

08.09.2010 12:30

Општина: Лага е дека планираните за набавка екрани со допир чинат 70.000 евра

08.09.2010 11:30

Се чистат руралните средини

08.09.2010 10:15

Јавната безбедност на дневен ред на дваесет и третата седница на советот

08.09.2010 09:50

Стоилов е првиот селектор кој се раздели од клупата

08.09.2010 09:10

„19 години независна Македонија! 19 години независно новинарство..?“

08.09.2010 08:45

Трифуноски суспендиран месец дена

08.09.2010 08:00

Благослов за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник

08.09.2010 07:30

Ќе се сече лента на регионалниот пат Струга – Дебар

08.09.2010 07:05

Роиг : “Очекувам интересна и неизвесна трка“

Писма: Одлична идеја
Кога во август 2008.год. водостојот на Охридското езеро драматично се намали, многумина тврдеа дека е тоа за да си произведе Албанија електрична енергија и возбудено бараа да се запре истекот на Дрим. Во општата паника се вклучи и Советот на општината и со една, сега веќе би рекол историска декларација од 21. 08. 2008.г., реши водостојот да се поправи!

По тој повод во нашиов весник ми беше објавено писмо со наслов „Додоле“.
Во него ги напишав и следните зборови:

Во сушните години Најдо се накитуваше со венци сплетени од растенија, земаше котле со вода, тргнуваше низ сокаците и го изведуваше додолскиот ритуал.
    
Ќе запееше: „Да заросит ситна роса, ој луле, ој! Да нарастит бериќетот, ој луле, ој!“ – и притоа прскаше и се посипуваше со вода. Така молеше и успеваше Најдо. Ако не веднаш, по некој ден или седмица, ќе заврнеше. И остана во Охрид, кога некој убаво ќе накисне, да велиме: „Се стори ојлуле“.
    
Денес, после долго време, веќе втор ден врне. Не сум сигурен дека за тоа се заслужни многубројните апели и иницијативи за спас на езерото, та дури ни декларацијата на градскиот Совет. Можеби ... Штом успеваше Најдо ....Во секој случај, дождот, заедно со заладувањето, добро ќе му дојде на езерото кое, за волја на вистината ги живее своите поодминати години.

Забележувате дека изразив определена резерва во моќта на таквата декларација. Грешка! Голема грешка! Извинете! Не да следеа ефекти!

Гледајте до каде стигнавме: езерото се наполни и се преполни, дури и истата таа Албанија се поплави и Охрид и Струга и Луково и  Пештани и ... многу! Не сум сигурен дека и поплавите во Србија не се некој колатерален ефект од декларацијата.

И, денес го гледам претседателот на ВМРО НП како, во една впечатлива поза на класичен оратор, најавува иницијатива за расправа на Советот за зголеменото ниво на езерото. Одлична идеја!

Само, се плашам дека, додека ја чекаме редовната седница, ќе се загуби многу од драгоценото време. Затоа би требало да се одржи итна седница и на неа да се донесе „контра-декларација“ со која ќе се поништи претходната и ќе се запре порастот на нивото на езерото. Зашто метеоролозите најавуваат нови врнежи за задутре.

Дајте барем наскоро да задува еден северен сув ветар, та да однесе малку испарување од површината и заедно со три пати поголемиот истек на Дримот од просечниот, бргу да го доведеме езерото во ред. Знаеме колку брзо се сушат алишта на ветар, нели? Некои велат: -„Ветар на магла“. Не е точно! Искуството ја докажа моќта на декларациите на Советот.

Инаку ВМРО НП сега е осетно помалубројна во Советот отколку во минатиот состав, но затоа пак овој пат и јавно има силен коалиционен партнер со кого не ќе биде проблем да ја реализира идејата. Ефектите од ваквата постапка се потврдија во пракса, нели!

П.С. Верувам дека и ова писмо, како и оние до сега, ќе го објавите. Благодарам. Но исто така верувам дека забелешката оти тоа не значи и согласност со изнесените ставови и овој пат ќе стои, што не е случај со сите дописи. Но-што е сигурно, сигурно е!

Иван Огненов
авторот е поранешен советник 

10.03.2010 00:06

Прочитана е : 2378 пати

Bookmark and Share
© 2010 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com
Lake Ohrid
compare database
Price Advisor
Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833