Маркетинг Контакт Редакција

БИК

Дневен хороскоп
09/09/2010


силни Свесни сте дека поседувате енергија и сила, па затоа на другите им изгледате малку поагресивно. Наместо да влегувате во проблеми, подобро би било да се занимавате со други идеи што ви доаѓаат на ум. За жал, многу од тие замисли не може сами да ги финансирате, а безрезервна поддршка од други овој пат не може да очекувате. Бидете пооптимисти и верувајте во своите квалитети.

Општи карактеристики

 

Име : лат. Taurus, што значи бик

Планета : Венера

Боја : зелена, сина, розева

Животно : Бик

Метал : Бакар

Благородни камења : Дијамант, смарагд

Билки : рози, лилјани, слаткомирисни цвеќа и овошја

Најнеправедна изрека :Бикот е напорен.

Бикот не ужива во промени, му треба многу време да се прилагоди на секоја новонастаната ситуација, како и за учење на некои нови вештини.

 

Карактеристики : Бикот е прв од земјените знаци. Близок е на копното и природата. Колку време што му е потребно на дрвото да порасне, толку долго Бикот го чека она што му е навистина важно. Тоа може да се нарече инзвонредна трпеливост, или пак тврдоглавост. Овој знак своите сетила сака да ги задоволи со добрта храна, цвеќе со сладок мирис, нежни ткаенини, и сето тоа со многу, многу пари. Бикот е многу благ додека не го испровоцираат, а тогаш е најдобро да се побегне зад најблиската ограда. Дел од телото поврзан со овој знак е вратот, но и подрачјето на грлото, често има прекрасен глас за пеење или зборување.Бикот е стабилен, истраен, трпеливм и инертен. Има исклучително јака волја. Го сака домот и семејството.Склон е на материјално стекнување. Не се откажува лесно. Сака луксузни предмети, накит и убава облека. Може да биде изразено убав или грд.

 

Љубов : Биковите ги земаат од животот сите радости и задоволства и несебично се трошат. Нивна девиза е: После мене – потоп. Зборот љубов го пишуваат со големи букви и бараат партнер со кој можат да остварат блискост. За нив многу се важни милувања, предигра и секс. Сакаат подароци, интимна атмосфера, паѓаат на музика и пијалок.

 

Пријателство : Бикот има отворена природа, и тоа е најдобар повик на пријателство. Се обавува чекор по чекор, а кога ќе одлучи на некој да му стане пријател, никој не може да го оттргне. Верен е но и посесивен. Не се работи за тоа дека сака да ги поседува луѓето, туку не му е баш драго кога тие прават нешто интересно со други луѓе, а тој не е дел од тоа.Потребни му се луѓе на кои може да се потпре, а не непредвидливи и чудни. Ако пријателите му се предани, доверливи и топли, секогаш ќе биде крај нив.

 

Работа : На Бикот му е потребна работа која нуди стабилност, не бегаат од одговорност, но работата мора да му донесе материјална стабилност, зошто за Бикот „да бидеш добро“ значи да имаш многу пари, па од таа причина непрестајно ќе трагаат по работа која ќе им донесе материјална сигурност.

Занимања: моден креатор, цвеќар, уметник, механичар, слаткар, трговец, економист, сликар,музичар.

 

Гардероба : облеката за Бикот мора да биде мека, од природни материјали и лесна.Важни му се стилот, комоцијата и најважна цената. Цветни работи, памук, свила, и лен, на него добро изгледаат, а омилени бои му се: зелена, розева и сина.

Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833