БЛИЗНАЦИ
Дневен хороскоп
09/09/2010
Име : лат. Gemini, што значи близнаци
Планета : Меркур
Боја : светло сива, светло жолта, лилјава
Животно : мајмун,верверица и се што лета, посебно пеперуги и папагали
Метал : жива
Благородни камења : Берил, топаз, пругаст камен
Најнеправедна изрека :Близнаците се дволични.
Се интересираат за се и секого наеднаш, што значи дека понекогаш мораат да свртат грб на нешто штосамо момент пред тоа ги фасцинирало. Близнаците секогаш „се вртат“ во просторот.
Карактеристики : Близнаците се први од воздушните знаци. Тие се радознали и зборлести. Секогаш постојат стотина работи кои излегуваат од нивниот ум. Речениците кои се типични за Близнаците почнуваат со зборовите : Како? Зошто? Каде? Овој знак може да биде дупло активен, дупло зборлест. Близнаците се друштвени, брзи, радознали, спретни, комуникативни. Може да работат повеќе работи истовремено. На лицето имаат маска. Го сакаат знаењето поради самите себе.Изгледот и духот им се доста младалачки.
Љубов : Близнаците се трудат своите идеи да ги пласираат насекаде, па дури и во љубовта. Секогаш се во потрага по најдобрата варијанта.На тој начин остануваат вечно млади. Тие не знаат да мразат, но и љубовта не им е длабока. Нив не ги интересира еросот, туку површен флерт, и брзо се задоволени. Се прават набрзина, па и „онаа работа“. Вистинската жена тешко може да ја возбудат и задоволат.
Пријателство : Близнакот е дрдорлива друштвена особа, па луѓето кои го поминуваат времето со нив се чувствуваат одлично.Обожава да има многу пријатели со кои може да ги сподели мислите. Затоа што живеат во ладна, воздушна сфера на умот, пријателите се малку збунети од нивниот недостаток на сочувство.Ако ги прашаат за совет ќе имаат многу добри идеи и предлози. Може да разговараат баш со секого и притоа да се забавуваат (барем некое време) но пријателите со кои сакаат да бидат подолго мора да бидат досетливи и забавни, и не смеат никогаш да бидат досадни. Најсреќни се додека зборуваат.
Работа : Работата од соништата мора на Близнаците да им понуди променлив распоред. Потребно им е излегување и средби со луѓе, учење нови вештини и секојдневно менување на рутината. Близнакот и по малку површен со парите и тие никогаш не му се во прв план. За него најважно е да најде работа која навистина ќе го стимулира.
Занимања: правник, економист, математичар, писател, научник, шахист, кошаркар, уметник,водител, наставник, поштар, трговец, службеник, занаетчија
Гардероба : Сака да се облекува малку поинаку од вообичаеното, но облека која не бара посебно одржување. Му одговараат пругасти,точкасти ткаенини со ситни детали, а негови бои се светло сива, светло жолта, лилава.