Маркетинг Контакт Редакција

ДЕВИЦА

Дневен хороскоп
09/09/2010


среќни Денеска среќата е на ваша страна и очекувајте потенцијални придвижувања во кариерата, но и финансиска добивка. Ако навреме ја препознаете можноста и храбро тргнете напред, тогаш може да остварите уште поголема добивка. Само со верба во себе и знаење ќе може да ги исполните плановите, но и своите соништа. Изненадете ја саканата личност со интересен подарок.

Општи карактеристики

 

Име : лат. Virgo, Девица

Планета : Меркур

Боја : сива, кафеава и сите ладни бои

Животно : мрави, пчели и сите мали влакнести животни

Метал : жива

Благородни камења : ахат, мермер

Билки: сите зрнести како пченка, пченица и зоб

Најнеправедна изрека : Девицата е ситничар.

Замисли како е да одиш наоколу со речник, наострени моливи, гумени ракавици и разновидни алатки во глава...Девицата сето тоа секогаш го носи и користи.

Карактеристики : Девицата сака да работи и во работата е прецизна и усмерена на поединости кои носат совршени резултати. Проблемот е во тоа што овој знак е плашлив и критичен толку колку што е добар работник, па затоа е мала веројатноста себеси да си даде висока оценка. Девицата има посебен дар да им служи на другите. Исто така е заинтересирана за телото и чување на здравјето. Цревата се органите кои се поврзани со овој знак, веројатно заради нивниот сложен облик, како и заради многу брзото реагирање на страв. Девицата е прецизна, совесна, пожртвувана, рационална и недоверлива. Одличен соработник на кој секогаш можеш да се потпреш. Повеќе верува во разумот, отколку во интуицијата. Свртена е кон здравјето, земјоделството но и кон уметноста.Живее од сопствен труд.

 

Љубов : Девицата не е подготвена на разлики посебно не во љубовта. Нејзин главен советник во животот е разумот. Во интимни односи стапува после детална анализа. Еросот е без топлина, страста често одглумена. Од партнерот бара повеќе отколку што може да пружи. Голема среќа ретко и се насмевнува.

 

Пријателство : Значајни пријатели на девицата се паметни и духовити особи, а на дното на списокот се пријателите кои сакаат да ја изненадат, било тоа да е со добри или лоши намери.Нејзината природа мрази кога е затекната на спиење, станува вознемирена истиот момент кога ќе го забележи натрапникот. Блиските пријатели секогаш ќе можат да се потпрат на нејзината интелигенција и љубезност. Никогаш не е сентиментална или восхитена, но има јасна претстава и остроумни шеги.

 

Работа : За Девицата работата е од витална важност, и таа ќе има што да прави дури и на одмор. Рутината ја опушта, и многу е посреќна кога работи во тишина, отколку пред осветлени рефлектори. Не бара да биде главна, но потребна и е стабилна,ментално освежителна работа која осигурува користење на оштро око и сигурна рака. Со парите постапува разумно, парите не ја мотивираат па дури и да пронајде кокошка која неси златни јајца, Девицата не престанува да работи.

Занимања: Фармецевт, трговец, писател, јазичар, пијанист, сликар, актер, спортист, правник

 

Гардероба : Девицата се чувствува сигурно и елегантно во добро скроена и не премногу нападна облека. Нежни тонови најдобро и одговараат, а нејзини омилени бои се светло кафеава, сина и сива.

Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833