Маркетинг Контакт Редакција

ЈАРЕЦ

Дневен хороскоп
09/09/2010


непланирани трошоци Под влијание на планетите настаните што очекувате да ви се случат денеска нема да се исполнат онака како што сте испланирале. Непланираните трошоци би можеле да ве натераат да ја искористите заштедата, која не сакате да ја трошите. Посветете и' се на креативната работа, вашата добивка од таа инспирација ќе ги засени сите негативности и нервози. Здравје: добро.

Општи карактеристики

 

Име : лат. Capricorn - јарец

Планета : Сатурн

Боја : Црна

Животно : јарец

Метал : олово

Благородни камења : ахат

Билки: капинка и диви плодови

Најнеправедна изрека : Јарецот е досаден.

Јарецот не е досаден, тој е доверлив.

 

Карактеристики : Јарецот е доста поврзан со времето и начинот на кој чувствуваме. Поточно, на овој знак му е многу тешко губењето на време. Тоа што Јарецот најдобро прави е организирање на работите и нивно одржување во целина, без обзир дали се работи за одржување на некоја забава, учество во владата или договарање на некој преглед. Телесни подрачја врзани за Јарецот се коските, кожата и колената. Јарецот е сериозен, амбициозен, тежнее кон успех во подоцнежните години. Истраен е, има јака волја, мудар, несигурен, но и материјалист и себичен. Постигнува се на што ќе се посвети. Не бара признание за себе. Ги контролира чувствата.

 

Љубов : На Јарецот му е потребна врска во која ќе се чувствува сигурно. Никогаш не го фрла своето срце пред странец од страв најпрво да не го крене нежно со прстите, а потоа да го скрши на илјада парченца. Му треба време да се убеди дека нема опасност да биде одбиен, или недај Боже да испадне смешен. Длабоко под ладното, мирно однесување, се крие топлина. Кога конечно ќе се предаде, со сите свои делови ќе биде поддршка и поткрепа на особата која ја сака. Нема да ужива во друштво од многу млада особа, затоа што сака да биде со некој кој е доволно зрел, кој ја разбира и вреднува тешката работа, и доволно сериозен да го цени неговиот успех за кој навистина се измачил. Јарецот е реалист до срж. Сериозен е, без страст и насмевка. Кај него често врвот на задоволството изостанува и затоа не се препорачува на страсни особи.

 

Пријателство : Најдобро се чувствува кога работите се под контрола и кога секој се однесува пристојно. Потребни му се пријатели цврсти како карпа, кои влеваат сигурност, и што е многу важно-кои се корисни. Обостраното помагање е начин за напредување, но ако некој е заинтересиран за некого само затоа што може нешто да добие, таквото пријателство ќе се распадне. Јарецот не сака да се предиспонира на јавно место.

 

Работа : Јарецот е амбициозен и одлучен, па му е потребна работа која пружа прилика на вистински успех. Ако го замолат да преземе одговорност за се, ќе се чувствува многу посебно. Што повеќе работа се очекува од него, толку повеќе сака да работи. Има одлични буџетски вештини, умее да штеди, зошто да се чувствува сигурно мора да има голема сума на пари.Кога купува, сака се најубаво, како би траело подолго, и конечно така би заштедил.

Занимања: ѕидари, градинари, монаси, полицајци, директори, менаџери, уметници, композитори, сликари, вајари, сметководители.

Гардероба : Јарецот се облекува прилично традиционално, и несака необичен изглед. Најсреќен е во класична гардероба со темни бои, која го истакнува неговиот лик. Омилени бои му се црна, тегет и темно кафеава.

Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833