ЛАВ
Дневен хороскоп
09/09/2010
Име : лат. Leo - Лав
Планета : Сонце
Боја : жолта
Животно : лавови и сите мачки, големи или мали
Метал : злато
Благородни камења : рубин, жолти камења
Билки: сончоглед, глуварче и жолто цвеќе
Најнеправедна изрека : Лавот е фалбаџија.
Вистина е дека Лавот сака публика. Неопходно е аплауз и восхитување поради неговите таленти. Па ни ти не би сакал да го држиш сонцето во кутија, зарем не?
Карактеристики : Ова е вториот огнен знак. Огнот е секогаш полетен и за Лавот е секогаш најважно патот пред него да е осветлен со виножито. Кога сонцето сјае ќе има забава и смеа бидејќи Лавот сака да биде разигран и срдечен, но кога животот ќе го прекријат облаци овие луѓе се способни да направат драма од нешто што не е ни криза. Можеме да мислиме на симболот лав како на суштество со глава и грива од лав, кралот и кралицата на џунглата. Кралевите и кралиците можат да владеат мудро и креативно или можат само да бидат шефови и тврдоглави.Лавот се спротивставува на идејата да биде обичен. Сака да биде во центарот на вниманието на чело на акцијата. Го сака животот, сака деца, власт. Сака да заповеда и да гњави. Авторитетен е, широкограден и отмен. Со годините го губи животниот елан. Делот од телото поврзан со овој знак е срцето и тоа многу ни кажува за лавовската широкоградност и топлина. Како што срцето ја тера крвта до сите делови од телото, така и лавот се обидува да ги охрабри и мотивира сите околу себе.
Љубов : Лавот секогаш сака да биде прв во се, па така и во љубовта. Многу бара од другите луѓе, од самиот себе и од саканата особа. Ако лавот засака вистински, а тоа се случува често, тој сака длабоко и комплетно.Повеќе се држи до честа отколку до еротиката. Гордоста никогаш не ќе му дозволи понижување на еден лав, па дури ни од посебната особа. Никој од него не треба да очекува пристојност ако јавно или приватно го занемарува или вреѓа. Љубовта е со Лавовско срце, забавна драма и ако добие многу чувства и внимание, ќе направи се што може за да биде магична, романтична и поголема од животот. Не е среќен со песимистичка особа која неговата виталност ја збунува, а ентузијазмот плаши. Затоа е поубаво да најде некој кој се смее на неговите шеги, ракоплеска на неговата желба за живот и кој ќе го цени неговото големо и блескаво Лавовско срце.
Пријателство : Срцето на Лавот е големо како палата. Никогаш не е ситничав или шкрт. За Лавот е невозможно да биде близок со некој кој ја испитува неговата добрина или му подарува подароци чија цена е толкава колку што тој потрошил на него. Повеќето луѓе сакаат пари, Лавот посебно ужива во големите и дарежливи постапки. Ако е без пари се чувсвува помалку сиромав. Но неговите вистински пријатели не се со него поради она што тој им го купил – тие го сакаат заради него самиот.Лавот треба да пронајде луѓе со кои ќе може да биде отворен. Кога Лавот навистина чувствува самодоверба, зрачи со топлина која ги воодушевува сите во близина.
Работа : Со неговиот талент за организација и вродената смисла за водство, местото на шеф идеално му прилега. Што повеќе авторитет , тој е позадоволен – посебно кога другите луѓе се грижат за тековните ситуации, додека тој ја создава визијата. Се дотогаш додека не се помири со тоа ќе биде среќен градејќи го успехот на едно место.Парите му се многу важни, затоа што не може да поднесе ситуација во која себеси неможе да си дозволи некој луксуз; затоа мора да се осигура со повеќе приходи.
Занимања: организатор, шеф, политичар, уметник, актер, банкар, златар.
Гардероба : Лавот носи помалку драматична облека, свесен како во неа изгледа со некои посебни додатоци. Секоја боја добро му прилега, но најмногу му одговараат нијансите на жолта и златна.