Маркетинг Контакт Редакција

ОВЕН

Дневен хороскоп
09/09/2010


активни Треба да бидете подготвени за акција и за непрекинато движење. Не треба да ви биде тешко да се усогласите со околината, посебно ако работите со благородна и хумана цел. Многумина можеби ќе заклучат дека е полесно да се зближат со други луѓе и да им ги наметнат обврските, отколку сами да почнат да си ги извршуваат задачите за кои се платени. Здравје: внимавајте на желудникот.

Општи карактеристики

 

Име : лат. Aries, доаѓа од римскиот бог на војната,Арес а значи Овен

Планета : Марс

Боја : Црвена

Животно : Овен

Метал : железо

Благородни камења : Дијамант, крвав камен, црвен камен

Билки : ротквица

Најнеправедна изрека :Овенот е себичен

Резултатите ги очекува СЕГА. Каква корист од тоа што е темпирана бомба,кога никогаш нема да е активирана

 

Карактеристики : Овенот е прв од огнените знаци и прв знак во зодијакот. Еден е негов омилен број. Со причина, покрет и развиорено знаме сака да влезе во битка, да победи, но сака и да му помогне на секој кој изгледа по малку јадно. Со толку јака физичка енергија на Овенот му е потребен голем простор за својата разиграност и бучава. Се е добро додека работите се движат. Овој знак е премногу нестрплив за да чека нечие допуштање и е премногу самостален за тоа за него да биде од некоја важност.Овенот е импулсивен, своеглав, динамичен. Има најјака енергија, но не е истраен во својата волја. Поседува физичка убавина. Води вечна битка и е во константна активност. Љубител е на спортот и секој вид физичка активност.

 

Љубов : Овните можат да посакаат многу жени, и тоа не само заради убавиот изглед, убавите манири, туку и поради темпераментот. Нажалост, за многу останува недостапен. Како што многу бара од себе, така бара и од партнерката. Во друштво да е дама, во кујната-куварка, а во креветот-љубовница. Жената овен од мажот очекува да и одговара и физички и душевно. Во сексот се нестрплини и агресивни. Се сакаат сега и веднаш, па и секс.Сакаат секс без предигра и ексцентрични пози. Љубов не покажуваат со збор, туку со дело.

 

Пријателство : Овенот се бори за правда и фер игра. Не ги разбира оние кои имаат долготрајни проблеми, и не сака да се менува и да делува на нив. Сака да биде во друштво со луѓе кои се полни со дух, баш онакви каков што е и тој. Овенот е инспирација за другите луѓе и му се допаѓа кога ќе види дека неговите пријатели стануваат поодлучни и појаки посматрајќи како тој управува со својот живот.

 

Работа : Идеална работа за Овенот е онаа во која може да биде самостален и работа која секогаш нуди некој предизвик.

Занимања: политичар, адвокат, инжинер, комичар, војник, хемичар, астроном, хирург, фризер, месар

 

Гардероба : облека која овозможува слободно движење, но убав изглед. Сака детаљи, живи бои а омилена боја му е црвена.

Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833