РАК
Дневен хороскоп
09/09/2010
Име : лат. Cancer- Рак
Планета : Месечина
Боја : бела
Животно : рак и други водоземни животни
Метал : сребро
Благородни камења : бисери, месечев камен
Билки: Лубеница, краставица
Најнеправедна изрека : Ракот е неодлучен.
Ракот живее во својот оклоп затоа што е многу мек, и надвор од него не би можел да преживее. Ако се почувствува загрозено, постои само едно место: назад, внатре зад цврсто затворени врати.
Карактеристики : Ова е прв воден знак, чувствителен и грижлив. Сеедно дали е маж или жена, Ракот е идеална мајка на зодијакот, секогаш прирака во кризи, полн со сочувство. Ракот на свој внимателен начин сака да ги штити и осигура сите работи и луѓе што ги сака. Делови од телото поврзани со овој знак се градите и стомакот, што зборува за потребата да се грижат за другите, но очекуваат внимание за возврат. Ракот е таинствен и предан. Има бујна фантазија. Мајчински е нежен. Го сака домот и семејството. Има слаба волја, склон е на пиење. Обично мајките ги гушат со преосетливоста. Тој е најемотивен знак. Има јака имагинација.
Љубов : Ракот е најтаинствен знак под влијание на Месечината. Дури е слободен има стална потреба за промени и авантури. Во трајна врска е верен, љубоморен и не ги покажува своите емоции отворено. Бара силен партнер кој може да ги задоволи неговите големи интимни потреби.Паѓа на музика, пијалок и пригушено светло.
Пријателство :Потребно е да се чувсвува потребен. Оној кој ќе му рече на Ракот дека му е неопходен, ќе заземе посебно место. Има ладна рака која олеснува главоболки, и способност да утеши некое скршено срце. Многу нежност, грижа и толеранција се потребни за неговото променливо расположение. Роден е под влијание на месечината, и лицето го менува почесто од неа. Несигурноста го прави мрзоволен и зависен од другите. Пријателите кои му значат, мора да покажат колку им значи тој нив, и таквите се поканети во неговиот оклоп.
Работа : Без разлика на тоа која работа ќе ја изберат, Раковите е важно да почувствуваат пријатна атмосфера и да се сигурни во вредноста на тоа што го работат. Кога се чувствуваат добро, полека се движат и превземаат одговорност. Парите им се многу важни и ништо не го грее како убава, дебела сметка во банка. Затоа најчесто немаат тешкотии со штедењето.
Занимања: фотограф, актер, морнар, угостител, историчар, писател, сликар, молер, трговец, патник, економист, професор.
Гардероба : На ракот му се допаѓа удобна облека, а природните влакна и нежни бои најдобро му прилегаат. По малку се воздржува од невкусни додатоци и накит. Најдраги бои: бела, крем и светло зелена.