Маркетинг Контакт Редакција

РИБИ

Дневен хороскоп
09/09/2010


соочете се со грешките

Општи карактеристики

 

Име : лат. Pisces- Риби

Планета : Јупитер и Нептун

Боја : Морско-зелена

Животно : Риби и останати водни животни

Метал : калај

Благородни камења : Аметист

Билки: Алги, мак, лотос

Најнеправедна изрека : Рибите не знаат да речат –не.

Ниден друг знак, освен Риби не е толку свесен дека светот е преполн со луѓе на кои им е потребна помош и љубов. Рибите не можат да им свртат грб на пријателите во неволја.

 

Карактеристики : Рибите се трет воден знак и последни се од сите знаци. Рибите се нежни како топла вода и лесно можат да се изгубат. Овој знак не е секогаш сигурен во фактите, но затоа и тоа како умее да ги почувсвува нештата.Да бидеш претерано чувствителен и романтичен значи да поседуваш смисол за створувачка магија: музика, сликарство, поезија се вистинскиот начин на самоизразување на овој знак. На нивната одлука секогаш мора да се чека предолго. Овој знак е премногу љубезен за да може да смисли како да повреди некоја особа. Делови од телото поврзани со овој знак се стапалата. Тие ја носат целата тежина на телото и Рибите понекогаш се обидуваат да понесат целиот товар од светот. Рибите се индиректен, загонетен, романтичен, хиперсензитивен, и селективен знак. Иако сфаќа подобро од другите, сака да блефира. Симбол е на универзален човек. Попустлив е, емотивен, но на работа е лидер. Живее во светлото од имагинациите. Има јака интуиција. Визионер е и одличен медиум.

 

Љубов : Рибата секогаш го бара совршениот партнер. Способна е од најобичен состанок со својот магичен шарм да направи посебен настан, Нејзините чувства се многу блиску до површината и најсреќна е кога може своите најдлабоки чувства да ги сподели со оној кој го сака. Умее да се заљуби во неуспешна и ни малку среќна особа и сака да направи од неа совршено суштество. Кога ќе одлучи да си оди, ќе ги избегне непријатните сцени, и едноставно ќе исчезне. За сериозна врска,на Рибата и одговара романтичен, ранлив, но и доволно јак партнер, да се потпира на своја снага. Во моментите на збрканост, потребна и е грижлива особа која ќе и помогне да ја најде смислата на животот, баш како што и таа на љубовта на својот живот ќе и помогне во секоја тешка ситуација. Совршено суштество не постои, но со малку магија и многу љубов Рибата од неа сигурно ќе направи посебна особа.Рибите никогаш не можат да потонат, од проста причина што се добри пливачи. А за тоа што мислат, што ги интересира, што сакаат , никој нема појма. Срцето им е меко, чувствата нежни. Сакаат да сакаат и да бидат сакани. Во љубовта повеќе даваат, отколку што примаат. Сексот им е благ, без вовед, а еросот загонетен.

 

Пријателство : Рибата не само што сочувствува со другите, туку чувствува и што некоја друга особа чувствува. Не и прилега да презема иницијатива, многу е прилагодлива, не сака пријатели која ќе ја внесат во досаден, монотон свет, преполн со рутина. Стварноста за нив често е разочарувачка повремено сакаат да се сокријат, посебно ако се наоѓа во состојба на слабост. На нејзините вистински пријатели тоа нема да им смета и стрпливо ќе чекаат да се вратат во реалноста. Луѓето кои и се блиски треба да бидат љубезни и чувствителни, стрпливи и спремни да и се придружат на за неа најволшебните места, каде ништо не е онака како што изгледа.

 

Работа : На рибите највеќе им одговара работа која им овозможува работа со бавно темпо, без некои груби навики. За неа е најдобро да не е на раководно место зошто тогаш мора да донесува многу одлуки, а тоа значи дека ќе треба да ги вознемирува своите колеги. Кариерата никогаш нема да ја избира според платата, зошто и е многу поважно да биде задоволна со својата работа и тоа што го прави.

Занимања: врзани со болница, социјални установи, уметност, посебно сликарство и глума.

 

Гардероба : Рибите сакаат да се чувствуваат пријатно и волшебно во гардеробата која ја носат. Досадните работи ќе ги прекројат за да бидат поинтересни. Сакаат антиквитети и стари ситни детаљи кои ќе ги додадат на гардеробата за да и додадат сјај. Нивна омилена боја е морско-зелена

Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833