ШКОРПИЈА
Дневен хороскоп
09/09/2010
Име : лат. Skorpio, - Шкорпија
Планета : Марс и Плутон
Боја : темноцрвена
Животно : Шкорпија, змија, орел
Метал : плутониум
Благородни камења : малахит
Билки: капинка, глог
Најнеправедна изрека : Шкорпијата е опседната со секс.
Поточно, Шкорпијата може да биде опседната со многу нешта, дури и со потполен недостаток за желба за секс, но ако се работи за сериозна љубовна врска, во неа мора да биде опседната со секс, или таа ,во спротивно ќе наликува на шницла без месо.
Карактеристики : Шкорпијата е втор воден знак. Тоа што е најважно кај неа, не може да се види на прв поглед...за да се открие нејзината права личност, мораме да видиме под површината на водата, за да ја здогледаме. Значи она што е најважно кај неа не е веднаш видливо, туку се наоѓа длабоко во неа. Има енергија вредна за стравопочитување. Има моќ да продре до суштината на работите, но исто така умее да го касне срцето на некој друг човек , баш како опашката од шкорпијата. Со Шкорпијата ги поврзуваме сексуалните органи, без кои нема нов живот. Шкорпијата поседува јака волја, динамична е, сконцентрирана, упорна и сериозна. Ја привлекуваат предизвици. Загонетна е, таинствена и мрачна. Прави се за пријателите, но на спротивниот пол не му верува. Нејзина девиза е „Се или ништо“.
Љубов : Очите на Шкорпијата се првото нешто што го привлекуваат спротивниот пол. Чувствата вешто знае да ги прикрие и никогаш не може да се забележи што Шкорпијата крие во своето срце. Молчењето е едно од нејзините оружја,но мора да научи да има самоконтрола, затоа што љубомората секогаш ја „вади од такт“ и тогаш секоја Шкорпија почнува да „врие и чади“.Шкорпијата сака да биде прва и единствена под паролата „се или ништо“. Во врската се сфаќа пресериозно. Значи, Шкорпијата е симбол на страст, перверзија, љубомора. Својот плен со никого не го дели, од никого не бара совет. Добро знае колку вреди и што бара. Нејзината љубов е длабока како океан, цврста како карпа, и бурна како планински поток. Партнерот го заведува со силен ерос. Љубовта, како и животот воопшто сака да ги почувствува до самото дно.
Пријателство : Шкорпијата ужива да влегува во мрачните и скриени подрачја на умот од другите, но од неа никој ништо не може да извлече.И треба повеќе време да стекне доверба во новите пријатели. Во случај нејзиниот пријател да ја изневери довербата, не се откажува додека не се освети. И требаат јаки пријатели кои ќе ја почитуваат нејзината потреба за приватност. На љуѓето ги привлекува харизмата која ја има Шкорпијата, но исто така ги иритира нејзината претерана тврдоглавост.
Работа : Своето време Шкорпијата не сака да го троши на површни работи, така да треба да побара работа која ќе го поддржува нејзиниот аналитички ум. Без напор умее да преземе контрола над работите. Секогаш и се потребни многу пари, но ако упадне во својата фаза „се или ништо“ може да крене раце од се и да живее многу повлечено и скромно.
Занимања: финансиери, психијатри, детективи, адвокати, шпиуни, спелеолози, трговци
Гардероба : Шкорпијата сака да биде елегантна и неодолива и добро се чувствува во материјали кои го истакнуваат нејзиниот стас. Сите работи добро ги чува и одржува. Најдраги бои и се темноцрвена и црна.