СТРЕЛЕЦ
Дневен хороскоп
09/09/2010
Име : лат. Sagitarius - Стрелец
Планета : Јупитер
Боја : виолетова
Животно : елен, коњ, кентаур
Метал : калај
Благородни камења : тиркиз, аметист
Билки: стебло од даб
Најнеправедна изрека : Стрелецот е трајно немирен.
Светот е предизвикувачко место за еден Стрелец и тој нема време за досада.
„ Ако расниот коњ предолго се чува на едно место и погледот му се заматува“
Карактеристики : Стрелецот е последен огнен знак и поседува сопствен погон. Непрестајно се движи кон следниот хоризонт. Тоа значи дека се во еден период од животот се движи и преместува од место во место, а подоцна се движи кон непрекинато учење за се што на светот може да се изучува. Тоа не значи дека тој е досаден стар фосил со книги, неговата куќа е преполна со оптимизам и голема среќа. Делови од телото на кои се однесува овој знак се колковите и бутните мускули.
Овој знак ја сака големината и се што прави, прави во голем стил. Ја сака слободата, ентузијаст е , и духовит. Спортски тип, има огромна енергија и јак либидо. Ги сака патувањата, филозофијата, образованието. Го прати среќа.Вообразен, сноб, но секогаш на страната на законот.
Љубов : Заљубениот Стрелец, стелата го погаѓа директно од Купидоновиот лак.Директен е, храбар, и го возбудува помислата на олуја во која се освојува ново срце. После првите интересни моменти, може да почне да се повлекува, особено ако се почувствува непријатно. Тој мора слободно да доаѓа и да си оди кога што ќе посака, а доволно е искрен тоа да им го соопшти директно и на лицата од спротивниот пол. Оној кој во срцето на Стрелецот сака да се вовлече со измама, или случајно залута таму, многу се лаже, зошто тој ќе истрча што подалеку од таквата особа. Не може да оддолее на бистроока особа која е тоа што е, и од која може да добие се она што дава. Го привлекуваат луѓе кои се поискусни и од кои може нешто да научи. На саканата особа доколку е во депресија, и помага со покажување на смешната страна од таа ситуација. Стрелецот никогаш нема да ја изгуби љубовта спрема животот, затоа не треба да се плаши од своето или туѓото лошо расположение. Стрелецот најповеќе сака да мечтае, планира, патува, работи, зборува, зборува и зборува...Рано го пробува „забранетото овошје“.Умее да ужива во сексот, како и во останатите подрачја од животот, затоа што тој е најеротскиот знак во зодијакот. Првата љубов ја споредува со втората, петтата со десеттата. Потрагата трае цел живот.
Пријателство : Пријателството од Стрелецот е отворено и искрено, и многу му замеруваат дека не е доволно тактичен, но неговото срце е само искрено. Кај него е прекраток патот од тоа што го мисли до она што го кажува. Секогаш е во потрага за возбудувања, па сериозни и нервозни луѓе кои се плашат од промени, не му се баш најдобри пријатели. Потребни му се отворени исреќни пријатели кои нема многу да обрнуваат внимание на она што овој знак им го треска во лице.
Работа : На Стрелецот му е потребна работа кој му пружа доволно простор за развиток и учење. Колку повеќе слобода има, толку е посреќен. Во работата има потреба за самомотивација. Стрелецот е трошајлија и се чини дека парите му ветреат од џеповите. Од таа причина никогаш не му е важно колку заработува, но секогаш сака повеќе...
Занимања: новинари, амбасадори, правници, филозофи, светски патници, судии, лекари, религија, право, припадност во државни и јавни институции.
Гардероба : Стрелецот не сака укочен стил, зошто тој не му дава слобода во движењата. Од таа причина највеќе му одговара удобна облека, која може по потреба да ја направи да делува службено. Омилена боја му е виолетова.