Маркетинг Контакт Редакција

ВАГА

Дневен хороскоп
09/09/2010


препреки Препреките на кои наидувате и занимавањето со неважни проблеми ќе ве оддалечат од основната намера - да ги надоместите заостанатите работи. Денешниот ден е најпогоден за преземање нови обврски или за некои поважни состаноци. Добро анализирајте ги обврските што треба да ги завршите и слободно побарајте помош. Здравје: добро, повеќе пешачете и движете се во природа.

Општи карактеристики

 

Име : лат. Libra, - вага

Планета : Венера

Боја : розева, сина, црна и бела

Животно : паун, зајак

Метал : бакар

Благородни камења : корал, опал и сафир

Билки: љубичица, миризливо цвеќе

Најнеправедна изрека : Вагата е секогаш неодлучна.

Кога некој ја гледа последицата на секоја можна одлука, а се си има своја добра страна, тешко е да се одлучиш.

 

Карактеристики : Вагата е втор воздушен знак. Таа сака се да биде совршено, ако си доволно долго со неа ќе те претвори во уметничко дело. Физичката убавина не е единствено важна за овој знак. Симболот на Вагата е попречен лост со два изедначени таса. Поточно како што вагата ги мери работите, така и овој знак ја испитува секоја страна на аргументите со намера да ги урамнотежи ставовите. На Вагата и е многу тешко да се препушти на емоциите, зошто таа сепак е воздушен знак- но не е ни така лошо во изобилството од вознемирени гласови повремено да имаш еден смирен и разумен. Вагата е поврзана со бубрезите тие се во средиштето на телото и помагаат во прочистувањето на крвта. Внимателна, мери се, хармонична, и како таква Вагата добро се сложува со другите. Таа е голем естетичар. Поседува убавина, грациозност. На работа е дипломат, а во куќата нетактичен. Ја сака тимската работа. Елегантна е и има добар вкус.

 

Љубов : Вагата е способна да го шармира секого, па затоа потенцијалните партнери треба да стојат во редица пред нејзината врата. Многу се неодлучни и започнуваат врска која за нив претставува вистинска мака. Лошата волја ги прави болни, а лошото однесување од страна на другите кај Вагите предизвикува чувство на гадење. Добриот изглед е најважен, а нивниот шарм е неодолив. Зад розевите очила кај Вагите се наоѓа бистар ум, кој се стреми да најде смисол во секој проблем,и едно нежно чувствително срце кое највеќе од се на светот сака да биде заљубено... Вагата вештината за живеење ја постигнува рано. Го сака сјајот, раскошот, па се труди да најде богат партнер. Како партнер е верна, така да, неправда и неверство тешко опростува.Длабоко е емотивна, и во интимни односи стапува од чувства. Повеќе е емотивна, отколку страсна, оргазам доживува и по пат на допир.

 

Пријателство : Вагата е роден дипломат, се што работи сака да го работи во пар. Сака да ги споделува идеите и да расправа за големи животни теми, се додека разговорот не оди во премногу лични и незгоди подрачја, и да го загрози пријателството.Пријателите на вагата би требало да бидат толерантни, привлечни, зборлести и многу убави, а ако долго чекаат на некоја нејзина одлука и заради тоа наддаваат никогаш не ќе можат да му се спротивстават на нејзиниот исклучителен шарм.

 

Работа : За Вагата луѓето со кои работи се еднакво важни како и работата што ја работат.Заради тоа за неа е многу важно да пронајде пријатна атмосфера за работа. Сака да ја дели одговорноста, со партнерот и својата работна екипа да донесува заеднички одлуки. Парите и се потребни за својот живот да го наполни со убави нешта, но никогаш нема да работи со лоши луѓе за да стане богата.

Занимања: правник, судија, актер, пејач, политичар, сликар, пијанист, дипломат, архитект, воспитувач, професор.

 

Гардероба : Вагата сака да биде елегантна и прилично смислено ги комбинира разните делови на облеката. Иако нејзините омилени бои се розева и сина, таа ужива да се облече во црно-бела комбинација

Поважни телефони: Полиција : 192   Брза помош : 194   Пожарна : 193   Центар за справување со кризи - Охрид : 195   АМСМ : 196   Автобуска станица : 260-339   Аеродром : 252-820   Црвен крст : 261-909   Водовод : 250-122   Комуналец : 263-325   НУ Центар за култура : 261-063   Завод и Музеј : 262-498   Основен суд : 261-868   Електродистрибуција : 263-666   Општа болница : 267-267   ФТУ - Охрид : 262-147   Охридско лето : 261-304   Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833