ВОДОЛИЈА
Дневен хороскоп
09/09/2010
Име : лат. Aquarius, водолија
Планета : Сатурн и Уран
Боја : Електрично сина
Животно : јагула
Метал : Ураниум
Благородни камења : сафир
Билки: темјан, каучук
Најнеправедна изрека : Водолијата е чудна.
Водолијата е ветер од промени и понекогаш треба да бидеш многу необичен за да му отвориш врата.
Карактеристики : Водолијата е трет, и последен воздушен знак. Тој го сака просторот, слободата и независноста. Најлошо што може да му се случи е да го затвори некој во соба која му личи на кафез.Водолијата е непредвидлива, непослушна и снаодлива.Ја сака техниката и секој вид на комуникација со целиот свет...Делови од телото поврзани со овој знак се ножните листови, глуждовите и циркулацијата. Водолијата е индивидуалист, оригинална, неконвенционална, ја сака вистината. Контраверзна е, не може да се фати, лежерна, шармантна, боем и коцкар.Секогаш пласира нови идеи и не поднесува контрола.
Љубов : Особата која ја сака, Водолијата пред се ја сака како најдобар пријател. Овој знак најпрво мора да биде ментално привлечен и не паѓа на заводливи погледи, ако тој услов не е исполнет. Не е љубоморна, ниту посесивна во љубовта. Нејзиното слободно и големо глобално срце може да разбере зошто сите не сме пријатели, но избраникот на нејзиното срце мора да се поднесува со нејзините пријатели. Најдобриот пријател на Водолијата мора да биде интелигентен и самостален, зошто не сака да се потпираат на неа. Тоа што и е потребно е слободата и тоа оној вид кој дозволува да си во врска затоа што тоа навистина го сакаш, а не заради навика. Водолијата е како настинка. Во Вашиот живот влегува изненадно, кога најмалку се надевате. Често не ја разбирате и ја сметате за чудак.Чувствата и се интензивни, но не траат долго. Нивниот ерос е романтичен, изневеруваат поради промена. Партнерот можат да го позајмат на пријателот. Тие се колекционери на љубов и страст. Групен секс кај нив доаѓа во предвид.
Пријателство : Да е тоа изводливо, Водолијата би била пријател со целиот свет. Колку што се луѓето почудни и различни неа и се поинтересни. Се додека има доволно простор за дишење, таа е најљубезен и најкорисен пријател кој можете да го замислите. Ако некој проба да и се приближи повеќе отколку што му дозволува, ќе му сврти грб и ќе замине. И требаат пријатели кои заедно со неа ќе се грижат за човечката врста и сакаат да го променат светот и таквото пријателство ќе трае долго.
Работа : На Водолијата и е потребна работа која ќе го охрабрува нејзиното независно размислување и во која ќе се цени нејзината генијална инвентивност. Што и да работи и треба многу слобода. Иако нигогаш не бега од сопствените одговорности, најдобро и одговара тимска работа. Парите не се најважното нешто при изборот на кариерата-поточно понекогаш е и малку отсутна кога е во прашање секојдневна работа.
Занимања: фотограф, инжинер, сите занимања поврзани со компјутери, режисер, актер, балерина, истражувач, физичар, антиквар, новинар, пронаоѓач...
Гардероба : Не сака да изгледа како останатите, без разлика на тоа колку води сметка за модата. Водолијата може да носи конвенционална гардероба, на различен начин, или може да се облече откачено и упадливо. Омилена боја и е електрично плава.