Page not found - OhridNews

1 минута вести 29.03.2024

Шукова: МЖСПП останува посветено на напорите за зачувување и заштита на светското природно наследство во Охридскиот регион

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова имаше работна средба со претставници од реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО, кои беа во посета на земјава, со цел проценка и утврдување на општата состојба со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

Како што информираат од Министерството биле елаборирани наодите од неодамнешната посета на Охридскиот регион, а се дискутирало и за тековните активностите што засегнатите институции и субјекти ги имаат преземено во регионот со цел остварување на препораките на УНЕСКО.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на напорите за зачувување и заштита на светското природно наследство во Охридскиот регион и е отворено за соработка со сите засегнати страни, со цел – зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион на листата на УНЕСКО, рече Шукова.

OhridNews

фото. МЖСПП

Расчистена дива депонија во Трпејца

Непотребен и искршен мебел, бела техника, покуќнина, градежен шут и друг отпад расфрлени во село Трпејца.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ реагираат дека несовесни граѓани повторно на истата локација во селото создале дива депонија.

За расчистување на локацијата употребена е специјална механизација и подигнати се 16м3 отпад, велат од претпријатието.

Потенцираат дека на 1 април, понеделник, ќе се расчистува дива депонија во месноста Надол-Трпејца.

Билтен: Приведени лица за пукање во воздух, нападната жена и одзеле пари

На 28.03.2024 во 18.40 часот на улица „Махмут Рифат“ во Охрид, приведено е 57 годишно лице од Охрид.

При извршен преглед, полициски службеници кај него, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.03.2024 во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички нападнало 53 годишна жена од Охрид и ѝ одзел пари.

Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две лица на 67 и 37 годишна возраст, двајцата од Охрид.

Тие, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол „Радом“ калибар 9 милиметри, сопственост на 37 годишното лице. Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews

МТСП: Понеделник, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 1 април 2024 година (понеделник) вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.

OhridNews

Жителите на Белчишта реагираат дека Сини Вирој се Сиви Вирој, Ногачески вели потребна е нова пречистителна станица

Жители на Белчишта реагираа до Граѓанската иницијатива Охрид СОС за испумпување на канализација во реката која е притока на река матица од Сини Вирој, која се влива во Сатеска, па оттука и во Охридското Езеро. Велат општински служби секој втор ден ја приклучуваат пумпата да ја испумпува канализацијата.

Според информациите кои ги добивме, повеќе од 10 години не работи пречистителниот контејнер, цел екосистем во блатото се загадува, а за ова никаде не се информира. Жителите реагираат и дека Зоран Ногачески – Градоначалник на Дебрца ветувал дека ќе го среди овој проблем, но сега ништо не се презема, пренесува Охрид СОС.

Градоначлникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески потврдува дека има еколошки проблем и дека потребна е нова пречистителна станица, но потенцира не се испумпува канализацијата секој втор ден и не се загадува блатото во Сини Вирој.

Не е точно дека секој втор ден се врши испумпување, не се работи за толкав капацитет на приклучени граѓани што го полнат тој резервоар пред пумпата за толку брзо време, дека на два три месеци има уклучување има. Мора во одреден период да се изврши испуштање на водата зошто доаѓа до прелевање на шахтите.  Кон блатото не оди, има канали кои одат кон матицата и Сатеска. Дел од тоа се филтрира природно низ тие канали, што пак е недозволиво и дел завршува во самата матица која оди кон Сатеска, а не кон блатото, вели Ногачески.

Потврдува дека има проблем со пречистителната станица која е поставена од контејнерски тип, посочувајќи дека потребна е нова пречистителна станица што бара средства.

Дека е проблем кој е согледен од локалната е така, но работиме на решавање, требаат средства. Нема Општината во моментов толку средства за нова пречистителна станица. Овој проблем мора  да се реши бидејќи се води постапка за прогласување на блатото за Парк на природата. Решението го гледам само во нова пречистителна станица, зошто очигледно постојната оставена ваква преку 20 години не би можела да функционира, додава Ногачески.

Инаку, Белчишко Блато е блатен екосистем, кој се напојува со вода од повеќе од 10 видливи карстни извори, познати како „Сини Вироj“, вистински бисер на природата. Националната стратегија за заштита на природата 2017-2027 година препорачува да се прогласи за заштитено подрачје и во моментот тој закон е во фаза на усвојување. Белчишко Блато е дел од Националната мрежа Емералд на Република Македонија.

Н.С.Ј.

фото. Охрид СОС

Лазаревска: СДСМ основа Медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени

Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола кој ќе биде во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола, а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа, рече на денешната прес конференција пратеничка на СДСМ, Жаклина Лазаревска.

Наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид, Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп. Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место, потенцираше Лазаревска.

Значително, вели, ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината.

Ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението. Создаваме здравствен систем што не само што ќе ги обучува следните генерации на лекари туку и активно ќе придонесува кон напредокот и здравјето на општеството, додаде Лазаревска.

OhridNews

Охриѓани оддадоа почит на ликот и делото на охридскиот истражувач и археолог Гоце Жура

Oхриѓани денес имаа можност да се потсетат на Гоце Жура, основоположникот и втемелувач на теренските истражувања на пештерските цркви во Охридско-преспанскиот регион како и активен истражувач на постоечки и новооткриени сакрални објекти во Охрид. Со своето присуство на настанот што се одржа во спомен-куќата на Христо Узунов му оддадоа почит за непроценливиот придонес кон науката и афирмацијата на нашето културно-историско наследство и православната црковна историја.

Настанот по повод петгодишнината од упокојувањето на Гоце Жура беше во организација на д-р Гордана Ангеличин-Жура и Горан Митрески, историчар кустос, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид. За ликот и делото на Гоце Жура говореа археологот Паско Кузман, историчарот на уметност Јорданка Матова, директорот на НУБ „Григор Прличев“ Охрид м-р Милчо Јованоски и проф. Д-р Климент Наумов, доцент при Факултетот за туризам и угостителство-Охрид.

Ќерката на Гоце Жура, д-р Гордана Ангеличин-Жура вели идејата била да се соберат сите охриѓани и да споменат за се што има Гоце Жура придонесено за Охрид, но и младите идни генерации да  бидат во тек, да го продолжат делото, не само негово, туку и на сите заслужни охриѓани во областа на науката, историјата, културата.

Сите го знаат како еден лик, научник, пасиониран човек за историското наследство, основоположник на истражувањата на пештерските цркви во Охридско-преспанскиот регион. Целиот свој живот го даде за науката и навистина со љубов го работеше тоа и многу сакаше наредните генерации да бидат свесни на кое тло чекорат, колку сме опркужени со црковна историја и колку е богато нашето културно-историско наследство.

Потенцираше дека како наследник на неговите авторски права стои на располаѓање на сите кои имаат идеи во насока на зачувувување на ликот и делото на Жура и се надева дека ова чествување ќе прерасне во традиција.

Археологот Паско Кузман во своето излаѓање се задржа накратко на живот на Жура, но најмногу на неговата стручна работа односно неговите стручни резултати изразени во книги.

Беше многу чуден во позитивна смисла. Имавме и јавни несогласувања, но никогаш не бевме непријатели, секогаш бевме пријатели. Охрид има силна и голема традиција со многу познати личности, охриѓани, историски и од сите профили. Се надевам и за Гоце Жура понатаму ќе се создаваат услови за паметење. Јас и дадов веќе предлог на неговата ќерка да направи собрани дела. Ако ги собере сите негови досега објавени трудови по медиумите и плус во книгите веќе има два три тома и на тој начин се продолжува паметењето за тие заслужни луѓе за Охрид. Тоа важи за сите, рече Кузман.

Историчарот на уметност Јорданка Матова се потсети на гимназиските денови со Жура, но и студенски денови посочувајќи дека со Жура биле првата генерација историчари на уметност.

Гоце беше еден прекрасен харизматичен човек што остави зад себе големи дела. Имам преубави спомени со него, теренски истражувања. Бевме многу поврзани, секогаш знаев што пишува, знаеше тој јас што пишувам. Си дававме еден на друг голема поддршка за работа. Ова е нашата истотија, култура и секогаш треба да даваме значење на вакви настани, затоа што оставаме дела зад нас. Гоце остави над 20 книги историја од 14, 15 до 20 век. Тој ги проучи пештерните цркви во Охрид и околината. Тоа е од одгромно значење, не само за Гоце, за сите ние што пишуваме и оставаме дела зад нас, потенцираше Матова.

Проф. Д-р Климент Наумов, доцент при Факултетот за туризам и угостителство-Охрид рече дека за него Гоце Жура претставал непресушна испирација и извор на вистина драгоцени информации и го насочил логички, трезвено и систематски да размислува. Потенцира дека бил од пресудно и суштинско значење во неговото градење како еден интелектуалец.

Гоце Ангеличин-Жура остави еден многу длабок печат на Охрид, на охриѓани, на Македонија, на целиот регион, пред се поради неговата љубов која ја имаше кон културното наследство, кон историјата на уметноста. Тој успеа да ги евидентира и ситематизира сите пештерни цркви во Охрид и охридско, на Преспанско Езеро, без разлика дали се наоѓале во Македонија, Албанија или Грција. Успеа да ја прескокне онаа фамозна бројка од 365 цркви во Охрид, легендата која сите љубиме да ја кажуваме и успеа да евидентира повеќе од 1500 цркви и свети места во Охрид и охридско. Ова е најмалку што сите можеме како еден последен збор да го дадеме за неговиот лик и дело, истакна Наумов.

Гоце Ангеличин Жура почина во 2019 година на 67 годишна возраст. Зад себе остави импресивна библиографија од 20 книги и над 60 научни трудови. Неговите истражувања резултираат со огромна фото документација, драгоцена за идните генерации и науката во целост. Ја заинтригира јавноста за вредностите на средновековната уметност преку бројните јавни настапи и соработка во аудиовизуелни проекти. Поради стручната и научна активност и големите достигнувања, застапен е во Првата македонска енциклопедија.

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Повелбата Патрон на градот Св. Климент Охридски во 2007 година.

Н.С.Ј.

фото. Б. Стојаноски

Младата пејачка со охридско потекло Барбара Поповиќ во најдобрите 100 поп пејачи во Европа за 2024 година

Исклучително талентираната пејачка Барбара Поповиќ, која на пошироката јавност и стана позната по извонредниот настап во втората сезона на „IDJ Show“ во кое го освои второто место, е сврстена во најдобрите 100 поп пејачи во Европа кои треба да се следат во 2024 година според „Импала“, официјален партнер на „You Tube“.

Ова е голем успех затоа што Европа има илјадници изведувачи, велат од тимот на 23-годишната Барбара, дипломиран оперски пејач, која кариерата ја продолжи во поп пеењето.

Нејзината песна „Ватрена“ на познатиот македонски композитор и нејзин ментор во „IDJ Show-то“, Дарко Димитров, на You Tube има повеќе од 2,5 милиони прегледи, што само говори за потенцијалот на Барбара.

Барбара со одличниот настап на „IDJ“ Show, го сврте вниманието на себе. Особено впечатлива беше нејзината изведба на антологиската „Зајди Зајди“ за која семејството Сариевски ги отстапи авторските права, да може песната да биде отпеана и објавена на „YouTube“.

Барбара потпиша петгодишен договор со продукцијата „IDJ“, кој предвидува организирани настапи во Македонија, Србија и Црна Гора, издавање албум и соработка со најдобрите композитори во регионот. Во моментов таа подготвува две нови песни со видео записи кои наскоро ќе бидат објавени од продукцијата „IDJ“ во Белград.

Иако е млад изведувач, Барбара Поповиќ веќе има акумулирано големо искуство. Таа во 2013 ја претставуваше Македонија на детската Евровизија со песната „Охрид“, настапувала на реномирани фестивали, а добитник е на повеќе награди и признанија за оперско пеење во Италија и Србија.

Оперското пеење го сака и го негува, но сега за сега се одлучи кариерата да ја гради во поп пеењето, што не значи дека нема да се наврати на оперското пеење кое и е главната база, техниката и искуството, што и помогна да заплива успешно во поп водите, додаваат од тимот на Барбара.

Барбара Поповиќ, пред која е блескава иднина, има охридско потекло. Таа е ќерка на актуелната директорка на фестивалот „Охридско лето“, охриѓанката Наташа Поповиќ.

Н.С.Ј/Г.М.