Page not found - OhridNews

На кино репертоарот утре филмот „Недела“

На кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид утре долго очекуваниот филм „Недела“ за Џеј Рамадановски. Проекцијата е закажана со почеток во 20.00 часот, а цената на карта е 150 денари!

Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.

Режијата е на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ, додека улогите ги играатт Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Милица Јаневски.

OhridNews

Хуманитарна акција за помош на лице со оштетен вид

Хумантарна акција за помош на лице со оштетен вид кое живее во лоши услови организира група младинци во рамки на ПХВ проект на Црвен крст Охрид.

Тие ќе продаваат книги од најразлични жанрови, донирани од самите младинци, и со собраните средства ќе му овозможат подобри услови за живот на лицето, информираат од Црвен крст Охрид.

Акцијата ќе се одржи на Градскиот кеј во текот на денешниот и утрешниот ден во периодот од од 11:00 до 14:00 часот.

Ве очекуваме во што поголем број!, порачуваат од Црвен крст Охрид.

OhridNews

Тошковски: Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои не водат до овие осомничени. Две лица се приведени и се надевам дека во најкратко можно време ќе можеме да излеземе со детали за овој дел од истражните дејствија, изјави Тошковски, во готување во поткастот „Претрес“.

Тој посочи дека се преземени 20 истражи дејствија и дека се прегледани над 50 камери и видео записи. Според првичните наоди, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот.

Шеесет и седумгодишен лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил паркиран во парк во близина на поранешната фабрика „Железара“. Лекарот имал приватна ординација во поликлиниката „Железара“.

OhridNews

Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис

Четири лица се убиени, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен маж е уапсен.

Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени со нож, но во нападот не било употребено огнено оружје, пренесуваaт локалните медиуми.

Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен млад човек.

Шефицата на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека загинале вкупно четири лица, додека еден е тешко повреден.

Четири лица се префрлени во болници, каде состојбата им е стабилизирана.

Полицијата соопшти дека засега не е позната причината за нападот.

OhridNews

фото. МИА/Скриншот Х

Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела

Во пресрет на претседателските и парламентарните избори, политичките партии во земјава ги формализираат коалициите, а Државната изборна комисија (ДИК) се подготвува за организирање и спроведување на изборите. За една недела односно на 4 април започнува изборната кампања за седмите претседателски избори на кои во првиот круг на 24 април ќе се гласа за седум кандидати. Парламентарните избори се на 8 мај, а до 2 април учесниците на изборите треба до ДИК да ги достават листите со кандидати за пратеници.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вчера во седиштето на партијата потпиша коалициски договор со лидерите на партиите кои влегоа во „Коалиција за европска иднина“. Коалицискиот договор го потпишаа СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, а кон коалицискиот договор се приклучи и Движењето Нова Република.

„Коалицијата за европска иднина“, како што посочија, е целосно посветена на европскиот пат и има јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда. Коалицијата се залага за европски животен стандард за граѓаните, економски раст и развој преку директни вложувања и странски инвестиции, преку капитални и инфраструктурни инвестиции, но и преку поддршка на домашните компании, како и за достоинствен живот за пензионерите како основни постулати на предизборните активности и кампањи.

Победничката проевропската коалиција ќе ја формира новата проевропска влада по завршувањето на претстојните избори, ќе биде предводник во реформските процеси и ќе се залага за завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година, наспроти нови 11 години изолација и заглавување кои ги нуди опозицијата, наведуваат од СДСМ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, коментирајќи го преминувањето на некои од досегашните владини коалициски партнери во коалиција со нив, рече дека тие имаат принципиелен заеднички договор за настап на парламентарните избори и очекуваат понатаму, врз основа на тој договор, да функционираат како идна влада. Демократски сојуз и Достоинство веќе објавија дека излегуваат од владината коалиција и дека се приклучуваат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека не може во нивно име да каже зошто се одлучиле на таков чекор иако, како што напомена, би сакал причината за тоа да биде изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа прашање треба да го поставите на тие, не би можел во нивно име да дадам одговор. Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз основа на тој договор, да функционираме како идна влада. Околу мотивот и причината, можеби тие ќе треба да ви дадат одговор. Јас би сакал тоа да е фактот што тие препознале во нашата програма добри работи и поради тоа одлучиле да ја прифатат. Имаше и такви кои преговараа со нас, не успеавме да постигнеме договор, или ќе настапат самостојно или ќе останат заедно со актуелните владејачки партии, дали се тоа СДСМ или ДУИ без разлика, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со раководството на Стопанската комора на Македонија.

Според него, коалицирањето на ДУИ со други политички партии ќе биде неуспешен политички маневар.

ДУИ треба да даде одговор зошто го прави тоа. Ако мене ме прашувате, ценам дека се обидуваат да направат маневар на политичкиот простор со што ќе го ублажат поразот на следните избори од страна на консолидираната, условно кажано, албанска опозиција. Не мислам дека овој потег ќе биде успешен, имајќи ги предвид лицата кои пристапуваат на таа коалиција, но времето и гласачите ќе покажат. Можеби моето толкување е погрешно. Во минатото имаше многу обиди ДУИ да претстави одредени позиции кои се неуспешни, како „Зелената транзиција“ која наместо еколошки, презентираше „тендер“ политики. Мислам дека ова ќе биде неуспешен политички маневар, но времето нека биде одговор на овие дилеми, истакна Мицкоски.

Политичките партии ГРОМ – Граѓанска опција за Македонија, ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија и ПЦЕР – Партија за целосна еманципација на Ромите исто така потпишаа коалициски договор за заеднички настап на претстојните избори. Договорот беше потпишан од тројцата партиски лидери Стевчо Јакимовски на ГРОМ, Љупчо Ристовски на ИНТЕГРА и Самка Ибраимовски на ПЦЕР.

Непромена на Уставот, пораст на животниот стандард, социјална заштита на граѓаните, подобро образование, безбедносен систем, енергетика, инфраструктура…се дел од програмата на Коалицијата „Храбро за Македонија“ со која ќе учествуваат на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Јакимовски нагласи дека Коалицијата „Храбро за Македонија“ се формира јасно да каже дека притисоци, уцени и уставни промени нема да поддржат, ниту пред, ниту по изборите и дека остануваат цврсто на ставот за решавање на оние проблеми кои, како што рече, ни се наметнуваат вештачки. Потенцира дека клучно за коалицирање после изборите е непромената на Уставот.

Со ставањето потпис на договорите на претседателите на политичките партии Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ), во Гостивар беше официјализиран коалицискиот договор за изборите. Али Ахмети, лидерот на ДУИ коалицискиот договор го оцени како историски чин на соработка која, како што рече, ќе трае и по изборите.

Овој фронт ќе биде не само за една употреба, само за изборите, за претседателските и парламентарните избори од 2024 година, туку ќе биде вечен затоа што интересите се заеднички. Ова партнерство, овој фронт и вие самите, почитувани, припадници на турската заедница, ќе се уверите дека ќе биде повеќе од политика, ќе биде братска соработка. Ова е најголемата поврзаност меѓу двата народи, двете нации, напомена Ахмети

Првиот човек на ДПТМ, Бејџан Илјаз обраќајќи се на турски и албански јазик истакна дека денешното потпишување на договорот е потврда на мултиетничкиот дух кој владее во овој град.

Повикувајќи се на свои извори, медиумите јавуваат дека ДУИ ќе коалицира и со Алијанса на Албанците на Зијадин Села.

Покрај партијата на Бејџан Илјаз, претходно кон коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ се приклучија Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи-Зејд и Европската демократска партија на Аријанит Хоџа.

OhridNews

фото. МИА

Предавање на тема „Бубрежни заболувања кај лицата со дијабет“ денес во Охрид

Здружението на дијабетичари од Охрид денес ќе оддржи предавање на тема „Бубрежни заболувања кај лицата со дијабет“.

Предавањето ќе го реализира д-р. Даниела Мисоска Пендова и истото е наменето за лицата со дијабет 1 и 2, но и за сите заинтересирани за бубрежните заболувања. Предавањето е дел од годишната програма, информираат од Здружението.

Истото ќе се одржисо почеток во 17:30 часот во салата во Општина Охрид.

OhridNews

Пецаков: Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со својот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија која беше составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и Националниот координативен тим од Македонија.

Ја потенцирав силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион. Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, информираше претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска со цел да ја утврди фактичката состојба на терен, да ги посети и сите засегнати институции, по што ќе донесе заклучоци по кои ќе треба државата да постапува.

OhridNews

Сончево со температура до 16 степени

Времето денес сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (60 km/h) од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Охрид сончево време. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата.

OhridNews

Крлеска Деспотоска: Терајте ја постапката до крај на виделина да излезат лагите

Претседателката на СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска, преку  соопштение ги демантира обвинувањата изнесени од ОК ВМРО ДПМНЕ која на прес конференција денеска објави дека поднела кривична пријава против неа по повеќе основи.

 

Лесно е да застанеш пред Јавното обвинителство и да расфрлиш од ракав некакви си изреки, па да мислиш дека зад тебе имаш маса народ која ти верува.

Немаш маса народ Китески, туку ги имаш на тебе сличните кои се задоволни кога некоја личност директно се линчува, бидејќи тоа е карактерна особина на ДПМНЕ, стои во реакцијата.

Наместо да ги трошите парите на мене и на СДСМ, потрошете ги на народот кој чека нешто да направите откако сте дојдени на власт, порачува Крлеска Деспотоска.

Ви порачувам и ве замолувам со оваа постапка против мене да одите до крај. За на крај конечно да излезат на виделина вашите лаги и невистини.

Во меѓувреме, ве известувам дека за вашата наводна кривична пријава, соодветно ќе возвратам со кривична пријава за лажно пријавување кон вас како подносители на пријавата, истакнува Крлеска Деспотоска

 

OhridNews