Page not found - OhridNews

1 минута Вести 18.04.2024

Планинска вело тура низ Јабланица „Вевчанска голина-Локва“

Промоција на убавините на планината Јабланица и споменикот на природата „Вевчански извори“, како и на можностите за развивање на велосипедскиот туризам на ова подрачје е целта на планинската вело тура „Вевчанска голина-локва“ што ќе се реализира во јули во организација на Еко-свест – Вевчани и Рупикапра МТБ Струга.

Турата, како што информира организаторот Еко свест Вевчани, треба да почне од центарот на Вевчани со крајна цел Вевчанска Голина (локва).

Патеката од центарот на Вевчани продолжува по следниот редослед: Вевчански Извори-Есејнца-Смолејца-Јанков Камен-Манастир „Св. Климент“ – Горна Белица-Вевчанска Голина (Видиковец), па назад кон Вевчани преку Средни рид. Патеката е со должина од 30 километри и елевација од 1.100 метри. Секој учесник, доколку сака може да се приклучи и на кратко планинарење од 30 минути од Видиковецот на Вевчанска голина до Вевчанска Локва и да ужива во капење во бисерот на Јабланица, глацијалното езеро Вевчанска Локва, велат.

Пред турата, Еко-свест и Рупикапра МТБ, најавија акција за чистење отпад, расчистување на патеки, поставување на патокази и слично.

Вело турата е дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со споменикот на природата Вевчански извори“ финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

OhridNews

Интервју со Никола Тодороски: Ако за нешто сум среќен во 13 години стендап кариера е што успеав да си го задржам интегритетот

Извонредниот стендап комичар со интернационална кариера, Никола Тодороски, во недела, 21 април, ќе го изведе најновото шоу „Лошо куче“ во Охрид, со што ќе одбележи 13 години кариера. Како е да се биде стендап комичар во Македонија, какво чувство за хумор имаме, како ја примаат критиката јавните личности, за заканите, обидите за цензура и интегритетот на актерот, но и за актуелните и идни проекти на Никола и стендап културата воопшто, разговараме во новото издание на „Интервју“.

Интервју со Никола Тодороски

Г.М.

Охрид ја доби „Лихнидија“ автентична угостителска приказна за гурмани и намерници со добар вкус

Позната локација, нова понуда и енергија која ќе внесе гурманско освежување на ривиерата, во секој поглед. На охридската угостителска мапа сега е побогата за ресторанот „Лихнидоја“ кој свечено беше отворен синоќа во населбата „Св. Стефан“.

Сакавме ресторанот да носи автентично, македонско име. Од неколкуте кои ги имавме предвид, се издвои „Лихнидија“, ни открија од менаџерскиот тим на ресторанот.

Покрај името и одличната местоположба на брегот на Охридското Езеро, ресторанот „Лихнидија“ има и исклучителна понуда, внимателно одбрана од Шефот на кујна кој во Охрид ја носи гастрономска магија од азурниот брег.

„Лихнидија“ ќе функционира како класичен ресторан во кој ќе може да се вкусат чорби, специјалитети, национални јадења, квалитетни домашни сирења, мезиња, риба, а уникатна ќе биде понудата на фамилијарни јадења од месо и италијански специјалитети подготвени од нашиот италијански Шеф на кујна. И, што е најважно, квалитетна услуга по многу пристапни цени, посочуваат од ново отворениот ресторан.

Ресторанот“ Лихнидија има сопствен паркинг и капацитет за околу 400 гости, по двесте во внатрешниот, топло уреден простор и на терасите на повеќе нивоа надвор покрај езерото. Отука и можност за организација на пригодни настани.

На понудата ќе има и жива музика со квалитетни изведувачи од земјава, но и дегустации на вина и концептуални кулинарски настани подготвени од нашиот Шеф, најавуваат од „Лихнидија“.

Отворањето на ресторанот „Лихнидија“ мина во опуштена и ведра атмосфера со одлична музика во изведба на групата „Сарај“.

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски

 

 

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе достави претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на кандидатката Гордана Силјановска-Давкова и од политичката партија ВМРО-ДМПНЕ, којашто ја поддржува нејзината кандидатура.

Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати, на јавните собири и митинзи, искажаа лични навреди и клевети за кандидатот за претседател Пендаровски, коишто, освен што го нарушуваат неговото достоинство и неговите чест и углед, исто така содржат и елементи на говор на омраза, со што наведените може да поттикнат други лица да сторат дела од омраза. Пендаровски материјалот ќе го достави до ДИК, чијшто Кодекс за фер и демократски избори го потпиша кандидатката и партијата која ја поддржува, понатаму до набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, до делегација на ЕУ, како и до амбасадите на земјите членки на НАТО и Европската Унија, во нашата земја, посоочуваат во соопштението од тимот на Пендаровски.

Додаваат дека со оглед на тоа што Државната изборна комисија одлучува по приговори, а не по претставки, во врска со почитувањето на одредбите од Изборниот законик и до неа ќе се достави материјалот заради нивно информирање.

Тие, како носители на изборниот процес, имаат морална обврска да се запознаат со флагрантното кршење на Кодексот од кандидатката и партијата ВМРО-ДПМНЕ., потенцираат.

OhridNews

Ковачевски: Имаме јасен план за државата, која ќе го продолжи својот процес на евроинтеграција

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МИА најавува дека кандидатите за пратеници на коалицијата „За европска иднина“ во рамки на кампањата за парламентарните избори во сите населени места ќе ја презентираат програмата и нивниот, како што вели, јасен план за државата, која ќе го продолжи својот процес на европско интегрирање. Оценува дека досегашниот тек на кампањата за претседател до пред неколку дена била демократска и смирена, но оти како се наближува денот на изборите, така и реториката знае да стане пожестока.

Но, сепак мислам дека со одредени исклучоци претседателската кампања досега се одива во еден демократски амбиент каде што нашиот претседателски кандидат Стево Пендаровски ја образлага својата програма, својата визија за една европска Македонија. Истото се однесува и на моите настапи во дел од неговите митинзи. Започнува и кампањата за парламентарите избори на која што и кандидатите за пратеници од листата на коалицијата „За европска иднина“ ќе ги поминат сите населени места и каде ќе ја образложиме нашата програма, нашиот јасен план за држава која што ќе биде просперитетна и ќе го продолжи својот процес на европско интегрирање и држава која ќе стане земја членка на Европската унија, вели претседателот на СДСМ.

Во однос на тврдењата дека има мешања или обиди за мешање однадвор во изборната кампања, Ковачевски рече оти секако дека има обиди и мешање на трети страни не само во изборите туку и во секојдневниот политички живот во Македонија. Пред се, како што кажа, мисли на држави што не сакаат да ја видат Македонија како дел од ЕУ и коишто сакаат да имаме отворени прашања и отворени конфликти не само во Македонија туку и во регионот.

Меѓутоа, сепак сметам дека ние како држава имаме и капацитет, имаме и луѓе и институции коишто ќе овозможат граѓаните да го дадат својот глас на најдемократски начин и на овие избори. Секако дека и од моите изјави што сум ги давал во минатото, но и од изјави од наши стратешки партнери на високи претставници се чувствува во Македонија влијание на трети страни особено на оние што се поврзани со Русија или со некои нивни сателити, преку политички партии или преку одредени организации сакаат да влијаат на наметнување на реторика поинаква од онаа што граѓаните на Македонија ја сакаат и ја заслужуваат, посочува Ковачевски.

Едно од актуелните прашања што се наметна деновиве во јавноста е најавата на техничкиот министер за надворешни работи Бујар Османи за преиспитување на учеството на нашата земја во иницијативата Отворен Балкан. Ковачевски вели дека Отворен Балкан е оригинална иницијатива што потекнува од регионот формирана од три држави – Македонија, Албанија и Србија и која што е заснована на четирите слободи на Европската унија.

Таа во својата суштина, во својот фундамент ги има постулатите на функционирањето на Европската унија, а тоа е слободното движење на луѓе, слободно движење на капитал, на производи и слободно движење на услуги. И кога ќе ги погледнете иницијативите коишто беа направени во рамки на Отворен Балкан тие се токму тоа.

Во интервјуто Ковачевски се осврнува на резултатите од оваа иницијатива нагласувајќи дека останува на ставот дека регионалната соработка е исклучително важна.

Од друга страна, политичарите како во избори тие даваат изјави што треба, што не треба. Јас останувам на ставот дека регионалната соработка е исклучително важна. Постојат 72 регионални иницијативи во Западен Балкан, една од нив е Отворен Балкан. Исто така, има една многу позначајна иницијатива, која што е Берлински процес, во која што учествуваат сите земји од Западен Балкан, меѓутоа таму има еден проблем што ниту една иницијатива не е заживеана со оглед на тоа дека секогаш постои проблем во некоја држава. На пример, во Босна не можат тие внатре да се договорат меѓу себе да ратификуваат некој договор, потоа ќе се појави некој проблем помеѓу други две држави и процесот оди многу поспоро. Меѓутоа, мислам дека и тој процес ќе биде забрзан со оглед на тоа дека сите држави имаат многу јасна определба за зачленување во Европската унија. Преговорите веќе ги отпочнаа и Македонија, и Албанија, и Црна Гора, и Србија. Веќе имаме земји членки на НАТО, тоа се Албанија, Црна Гора, Македонија коишто сме земји членки на НАТО. Сметам дека помеѓу Србија и Косово дијалогот треба да продолжи за да можат да ги нормализираат своите односи согласно со Бриселскиот договор и согласно со разговорите коишто ги имаа во Охрид и мислам дека на тој начин овој регион ќе се европеизира. Ќе работиме многу повеќе заедно, многу повеќе на заеднички теми коишто на крајот на денот ќе резултираат со држави коишто ќе станат земји членки на Европската унија, вели Ковачевски.

Лидерот на СДСМ зборуваше и за програмата на партијата за парламентарните избори која се заснова на седум столба, но и за тоа врз основа на кои податоци и пресметки стасале до сумата од 1.100 евра плата, 600 евра за минимална плата…

Програмата на Социјалдемократскиот сојуз претставува еден апсолутно логичен континуитет на тоа што го направивме во изминатите седум години. Вие знаете дека ние седум години имавме одговорност да ја водиме Владата на Република Северна Македонија заедно со коалиционите партнери. Во текот на тие седум години се разбира дека беа направени грешки и ако некој во ова студио може да преземе одговорност за тие грешки тогаш тоа сум јас, бидејќи тој што работи може и да погреши, меѓутоа оној што утре ќе ги признае грешките тоа значи дека и може да се подобри. Пред се, тука мислам на потребата за понатамошно унапредување на животниот стандард на граѓаните, со оглед на високите цени коишто ги имаме заради војната во Украина, потоа унапредувањето на владеењето на правото и на подобра борба против корупцијата и тоа се трите работи коишто најмногу ги загрижуваат граѓаните, рече Ковачевски.

Од друга страна, нагласи тој, направивме една исклучително важна работа и ја направивме апсолутно правилно, а тоа е зацртавме јасна визија и јасен пат на Северна Македонија во Европската унија.

Ние донесовме тешки одлуки како коалиција и како СДСМ за влез на државата во НАТО. Сега гледаме што значи да се биде земја членка на НАТО во време кога има конфликти на сите страни и во Европа и на Блискиот Исток и исто така, отпочнавме преговори со Европската унија со заштитен македонски јазик, заштитена македонска култура и заштитен македонски идентитет коишто веќе никој не ги доведува во прашање, рече Ковачевски.

Ветувањето за плата од 1.100 евра, 600 евра минимална плата, зголемување на пензиите, додатоци за младите и друго, Ковачевски рече дека овие бројки се продолжение на добрите економски политики што Владата на СДСМ ги имала во изминатите години.

Заради стабилниот амбиент како земја членка на НАТО гледате дека и странските директни инвестиции се двојно поголеми од тоа што беа во 2016 година. Ние минатата година имавме 700 милиони евра странски директни инвестиции во однос на 300 милиони евра колку што беа во 2016 година. Воведовме поддршка на македонските компании за првпат и со 100 милиони евра обезбедивме економски циклус од половина милијарда евра инвестиции кај домашните компании коишто обезбедија пет илјади нови домицилни, домашни работни места и секако дека низа на други мерки коишто влијаеја на зголемување на платите. Втората работа е што парите во буџетот се наменети навистина на продуктивни цели, односно на зголемување на инвестициите. Во последните две години ние имаме најголема реализација на капиталните инвестиции што повторно создава работни места во државата и тоа е резултат исто така и на намалувањето на невработеноста од 25 проценти колку што беше во 2016 година, ние денес имаме 12 проценти на невработеност и проектираме 7 проценти невработеност во 2028 година, вели Ковачевски.

Претседателот на СДСМ во интервју за МИА нагласува дека тој и неговата партија имаат многу јасен став по однос на потребата од носење на уставните измени бидејќи тие претставуваат една од обврските што ги има Северна Македонија во делот на Преговарачката рамка. На прашање кога би можело да случат уставни измени имајќи ги предвид изјавите од албанскиот блок тоа да биде пред формирање влада или до Нова година, но и од германскиот пратеник дека ВМРО-ДПМНЕ до Нова година би усвоиле уставни измени, Ковачевски вели дека „кога ќе соберат храброст во секој момент можат да се јават во СДСМ“ и кај него и во Собрание да се изгласаат уставните измени.

Уставните измени јас ги имам потпишано и поднесено во Собранието. Значи, кога ќе решат, кога ќе соберат храброст другите политичари во државата истите тие кои не собраа храброст за да го поддржат членството во НАТО и истите тие коишто не собраа храброст за да влезат во сала кога се гласаше договорот ФРОНТЕКС, каде што за првпат имаме чист македонски јазик заедно со сите други јазици на Европската унија одобрен од сите земји членки на Европска унија вклучително и Бугарија и Грција што беше незамисливо пред тоа истите тие коишто не поддржаа влез на Македонија во времето на Киро Глигоров во Обединетите нации истите тие немаат храброст и денес. Кога ќе соберат храброст во секој момент можат да се јават во СДСМ и кај мене да одиме во Собрание и да ги изгласаме уставните измени со коишто уставни измени ќе влезат делови од други народи во нашиот Устав, бидејќи ние веќе имаме дел од други народи во Уставот, вклучително и бугарскиот народ каде што ќе се направи за првпат јасна дистинкција во еден документ дека има македонски народ и делови од бугарски народ со што се побива старата вмровска теза дека ова е регион во којшто има еден народ во две држави. Сега за првпат ќе имаме македонски народ и делови од бугарски народ. Кога ќе соберат храброст за тоа нека се јават, сакаат пред избори, сакат по избори, сакаат ден на избори, сакаат во 12 напладне, сакаат во 12 навечер, сакаат во 3 попладне, сакаат во 3 сабајле ние сме подготвени да ги донесеме потребните одлуки за иднината на државата, вели Ковачевски.

Претседателот на СДСМ очекуваме победа на изборите на нивниот претседателски кандидат Стево Пендаровски и мнозинство со кое што ќе формираат проевропска влада со која што, како што вели, Северна Македонија ќе го исполни она што го очекуваат граѓаните. Вели дека за него е важен секој глас, дека знае што ги мачи граѓаните и оти ако некој треба да преземе одговорност за грешките што се направени тогаш тоа е тој.

Над 61 ќе има коалицијата „За европска иднина“ и коалиционите партнери и ќе формираме проевропска влада со која што Северна Македонија ќе има многу јасен правец во однос на тоа каде ќе се движи и како ќе обезбедиме подобар европски животен стандард за граѓаните. Јас го почитувам секој глас без разлика дали е член, симпатизер, или е вие како што велите неопределен во делот на изборите. Секој глас е важен и секој граѓанин претставува глас на изборите и граѓаните добиваат суверено право да одлучуваат на тој ден како ќе биде водена државата во иднина. Јас веќе на почетокот ви кажав дека знам што ги загрижува граѓаните, бидејќи ако некој знае што е она што ги загрижува, тогаш тоа сум јас и ако некој треба да преземе одговорност за грешките што се направени тогаш тоа сум јас. Јас сум подготвен тоа да го направам, нагласува лидерот на СДСМ.

Ковачевски посочува дека знае што ги мачи граѓаните и дека тоа се високите цени и затоа се воведени низа на мерки и оти инфлацијата е веќе на ниво од 3-4 проценти. Вели дека тие имаат многу јасен план во делот на владеењето на правото со 41 мерка.

На првиот ден кога ќе формираме влада јас ќе поднесам уставни измени во делот на реформи на Судскиот совет, во делот на изборот, траењето на мандатите, што е тоа истакнат правник, начинот на санкционирање, оценување итн. на секој член на судскиот и на правосудниот и обвинителскиот систем. Истото тоа се однесува и на политичарите. Знам дека граѓаните се незадоволни од начинот на којшто раководеа добар дел од функционерите без разлика на политичка партија со голем број од државните претпријатија, јавни институции итн. Тука можам да ви кажам дека ќе има голем број на промени во делот на оние коишто раководат. Ќе има многу поголема дисциплина во делот на функционирањето на оние коишто ја имаа честа да раководат со државните институции, бидејќи морам да кажам дека во овие изминати две години јас не можев да се посветам на персоналното однесување на дел од оние коишто управуваа со одредени ресори со оглед на тоа дека работевме во огромна криза и мораше 24 часа да работат тимови и на намалување на цените и на обезбедување на електрична енергија, на субвенционирање на електрична енергија, рече претседателот на СДСМ.

Во интервјуто Ковачевски одговара на прашање за ставот на ДУИ за избор на претседател во Собранието како услов за формирање Влада. Вели дека во текот на кампањата се кажуваат многу работи, но оти СДСМ има многу јасен став уште од 2019 година за ова прашање и оти ова не е ново барање.

Претседателот на државата треба да се бира на непосредни избори бидејќи претседателот на државата треба да биде независна интегритетна фигура која што ќе биде коректив на политичките партии којшто ќе ги претставува сите граѓани, а не да ги претставува политичките партии. Токму таков е претседателот Стево Пендаровски, потенцира Ковачевски.

Смета дека овој начин на избор е најдобар избор за претседател и така и ќе продолжи да биде во иднина.

Тоа што ДУИ смета дека мора да се прави, тие тоа може да си го кажуваат на нивните митинзи, меѓутоа суверено право е на демократските институции, а тоа е Парламентот во овој случај да одлучува за тоа како ќе функционира државата. Ние имаме уставно уредување во кое што претседателот на државата се бира од страна на граѓаните, рече Ковачевски.

СДСМ, вели, дека доколку треба да формираат Влада, освен со партиите од нивната коалиција, би коалицирале и дополнително, сите оние партии кои не се дел од нивната предизборна коалиција, а коишто ги делат истите вредности за европска Македонија, за подобар европски животен стандард, за владеење на правото, за спроведување на ветинг во политичкиот и во правосудниот систем и во бизнис секторот.

Одговарајќи на прашање дали европските избори би можеле да влијаат на политиката на Унијата кон нас Ковачевски вели дека има логичен континуитет на политиката на Европска унија во делот на проширувањето.

Ако го погледнете распоредот на силите на европските избори, тогаш повторно може да се очекува дека клучен збор ќе имаат Партијата на европските конзервативци ЕПП, потоа Партијата на европски социјалисти каде што СДСМ е дел, потпретседател на Партијата на европски социјалисти е нашата бивша претседателска Шеќеринска, член на Претседателството е меѓународниот секретар на СДСМ Бојан Маричиќ. Тие имаат многу јасна политика во однос на земјите коишто сакаат да станат членки на Европската унија, а тоа е поддршка и зголемување на соработката, рече Ковачевски.

Според него, неслучајно пред самите европски избори беше донесен и планот за раст на Западен Балкан во којшто многу јасно се стимулирани сите оние реформски процеси што треба да се направат во секоја држава, регионалната соработка која што треба да се унапреди и секако тоа да биде поддржано со финансиски пакет од Европската унија во вредност од шест милијарди евра, две милијарди евра грантови и четири милијарди евра поволни кредити коишто ќе бидат гарантирани од Европската унија. Тоа, додава тој, значи дека ќе имаат многу пониски каматни стапки од она што би биле доколку само земјите индивидуално би ги земале од меѓународните финансиски институции на слободниот финансиски пазар.

Но, Ковачевски вели дека мора да изрази загриженост во однос на ставовите на нивниот политички противник ВМРО-ДПМНЕ.

И сега кога ќе ја видите нивната кампања таму апсолутно не стои ништо во делот на интегрирањето со Европската унија. Тие предвидуваат некакви алтернативни сценарија, предвидуваат повторно некакви репреговарања со соседи, со ЕУ што се утопија, што немаат никаков контакт со реалноста и за тоа најдобра потврда им дојде од еврокомесарите кои кажаа дека европската Преговарачка рамка е усогласена со сите 27 земји – членки, таа обезбедува заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура и обезбедува преговори на Северна Македонија со Европската унија според Копенхашките критериуми. И сега кога ќе ги земете изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и на нивната кандидатка тогаш ќе видите дека тие ни во ставовите не се усогласени. Таа кажува едно, нивниот претседател кажува друго, посочува Ковачевски.

OhridNews

извор. МИА

Мицкоски од Охрид: Сакаме да бидеме влада за сите граѓани, ќе водиме кампања која ќе ја врати довербата во институциите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го искористи првиот ден од предизборната кампања од Охрид да најави дека идната власт што ќе ја предводат ќе биде сервис на сите граѓани и блиску ќе соработува со сите градоначалници, независно од која партија тие доаѓаат. Посочи дека во предизборната програмата „Платформа 1198“ се опфатени и многу значајни инфраструктурни проекти.

Повеќе од 2 милјарди евра се планирани да се инвестираат во инфраструктурата. Тука е оној проект кој е многу значаен, а тоа е релоцирање средства кон општините, во вредност од 250 милиони евра годишно или за еден 4 годишен мандат тоа би било точно 1 милјадра евра. Ги повикувам општините не само таму каде што имаме градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, туку и во оние каде има градоначалници од СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, Беса и независни градоначалници, да прават проекти бидејќи, откако ребалансот на буџетот ќе се случи во јули, првиот оглас ќе биде објавен есента, за да може да аплицираат за проекти кои ќе се важни за граѓаните. Амбицијата ни е во еден момент да се работи на минимум 500 точки, на 500 локации на територијата на цела Македонија, со што ќе бидат задоволени потребите на граѓаните. Ние сакаме да бидеме влада за сите граѓани и да покажаме дека не се сите политичари исти и немаме намера да ги делиме граѓаните како тоа што го правеше сегашната Влада, рече Мицкоски.

Еден од приоритетите, потенцираше е и конечно завршување на автопатот Кичево -Охрид кој според нивната анализа би било во втората половина на 2026 година. Ги посочи и реализација на тековните автопати Тетово-Гостивар, Прилеп-Битола и многу други проекти поврзани со локалната инфраструктура, железничката, како дел од „Платформа 1198“.

Во поглед на очекувања од кампањата истакна дека водат позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест и половина години многу криминал грабеж на институциите на Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање околу реакцијата на СДСМ за наводната жестока реторика и нивно поистоветување со ДУИ, посочи дека фактот што ДУИ во кампањата ја критикува работата на СДСМ, а СДСМ нема кажано збор против ДУИ покажува дека СДСМ се само измеќари на ДУИ.

Н.С.Ј.

фото. Б. Стојаноски

Дрогришки и Крстевски „гладијатори“ до 2025 година

ГРК Охрид го склопува мозаикот за следната натпреварувачка сезона.

Стандардните Стефан Дрогришки и Горан Крстевски ја продолжија верноста кон клубот за уште една година и ќе го носат дресот на ГРК Охрид до 2025-та.

Претходно ГРК Охрид ги продолжи договорите со капитенот Иван Тасески до 2026 година, големиот талент Никола Шипинкоски, исто така до 2026 година, Гал Цирар – до 2026 година,  МВП пивотот од претходната сезона, Владимир Бојаниќ – до 2026 година, столбот на одбраната, Милорад Кукоски – до 2025 година, Бомбардерот Тимо Орјоникидзе – до 2025, крилото Крсте Андоновски и голманот Даниел Ѓорѓески – до 2025 година.

Г.М.

Пецаков: Продолжува реализацијата на проектите кои ги ветивме пред охриѓани

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, во друштво на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претставници на локалната самоуправа, денеска се во увид на градежни активности за реализација на проектите кои, како што беше кажано, ги ветиле на охриѓани.

Во текот на денешниот ден ќе посетиме три локации каде се одвиваат градежни активности. Веќе бевме во увид на изградбата на спортската сала во основното училиште во Лескоец, во касарната ќе извршиме увид на реконструкцијата на старата зграда на Касарната и градење на новата локација на ОУ „Кочо Рацин“ и наспроти ОУ „Кочо Рацин“, веќе се наѕираат контурите за најголемиот авантуристички парк во Југоисточна Европа, со што ние како Охрид и охриѓани треба да се гордееме зошто вложуваме во содржини кои ќе ја подобрат не само туристичката понуда, туку и забавата. Покрај на овие три локации, градежни активности се одвиваат на уште три. Со подобрување на временските услови продолжуваме со реализација на проектите кои ги ветивме. Со последната година од мандатот мој како градоначалник, најголем дел од програмата која ја ветивме пред охриѓани ќе ја заокружиме, рече Пецаков.

Градежните активности и реализацијата на проектите во Oпштина Охрид продолжуваат со несмалена динамика, истакна Мицкоски.

Градоначалникот Пецаков заедно со тимот, администрацијата, советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот Пецаков по оној историски момент кога ја одблокира општина од децениски долгови и неколку јавни претпријатија продолжува со несмалена динамика да ги реализира ветувањата кон граѓаните, ги подобрува условите во Општина Охрид и ја збогатува туристичката понуда нешто што му е важно на Охрид. Она кое е денес предмет на нашата посета е увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сака, училиште и авантуристички парк. Јас само можам да посакам на овој прв ден од кампањата за парламентарните избори да посакам уште многу вакви проекти, рече Мицкоски.

Додаде дека амбицијата на градоначалникот Пецаков е огромна и неговата желба да направи проект повеќе за охриѓани е огромна и таа желба, потенцираше Мицкоски, ќе биде уште поинтензивна откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада и ќе се реализираат уште поголем број проекти, дури и проекти кои се за доброто на охриѓани, а истовремено можеби не биле дел од ветувањата во кампањата за локалните избори во 2021.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ вечерва традиционално со голем народен собир во Охрид  ја започуваат кампањата за парламентарните избори од Охрид.

Н.С.Ј.

фото. Б. Стојаноски