Во Индија биле направени првите контактни леќи во кои биле имплементирани дијамнти. Овој несекојдневен моден додаток содржел дури 18 дијаманти од кои секој бил поставен во злато, а биле дизајнирани од Санхаи Сах. Идејата за нивно дизајнирање ја добил Кандрасекар Каван откако видел дека неговата сопруга вградила дијамант во забот.


Леќата е тешка пет грама, а дијамантите биле распоредени на шест и девет милиметри околу рожницата, како би се осгурало несметано собирање на солзите кои помагаат леќата да плива, а лицето кои ги носи да не почувствува непријатност или иритација. Ќе бидат изработени 3996 примероци, а господинот Каван се надева дека ќе ги продава и надвор од Индија.