ОГЛАСИ

ИМЕ програмата и ЕСА Охрид организираат работилница „Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона ” што ќе се одржи од 21-ви до 25-ти април во Охрид за подобро искористување на продажните и дистрибутивните канали со цел да се зголеми продажбата на сместувачките капацитет преку целата година. Првата работилница ќе се одржи на 21-22 април и втората на 24-25 април.



На обуката ќе учествува Албион Идризи, претприемач со 22 годишно работно искуство во Германија и Косово, кој успешно води и раководи компании во туристичката индустрија на Косово и работи како консултант за локални и меѓународни организации во туризмот. Во јануари, Идризи имаше дводневна обука за 12 сопственици за приватно сместување во Охрид и резултатите беа одлични. Повеќето од учесниците веќе ги применуваат стратегиите од обуката и преку новите ценовни политики и продажни канали остваруваат зголемена продажба.


Зголемување на пазарната вработливост (IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементирана од Swisscontact која од 2015 година работи на зајакнување на секторот туризам и угостителство во Македонија. „Тоа го правиме преку подобрување на квалитетот на производите и услугите кои се нудат и проширување на пазарите во три дестинации: Охрид, Крушево и Маврово. Оваа година дел од нашите активнпости ќе бидат посветени кон зајакнување на понудата на сместувачките капацитети“, велат организаторите.


ИМЕ прогрмата ги покрива 90% од трошоците за оваа дводневна работилница, а придонесот на заинтересираните е 1.000 денари. Заинтересираните за работилницата треба да пратат потврда за учество на zaklina.gestakovska@swisscontact.org и/или Мимоза Поповска е-маил esaoh@t.mk назначувајќи за кој термин се заинтересирани , а потоа ќе добијат информација за начинот на уплата.

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 192 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833