ОГЛАСИ

На 16 мај, вторник, во 20 часот, во кафе бар Аквариус, ќе биде промовирана книгата „Викајте ме Естебан“ од босанската авторка Лејла Каламуиќ, во организација на Блесок.


Книгата ќе ја промовираат Петар Андоновски и Ѓоко Здравески кој е и преведувач на оваа книга (збирка раскази). Авторката во мај престојува во рамки на резиденцијалната програма на проектот „Читајќи го Балканот“ (во организација на издавачката куќа „Готен“) поддржан од Европската Унија и од литературната мрежа Традуки. Книгата е објавена од страна на Блесок со финансиска поддршка на Традуки.


Лејла Каламуиќ е родена во Сараево во 1980 година, и сè уште живее таму. Дипломирала на Катедрата за филозофија и социологија. Авторка е на збирките раскази „Анатомија на насмевката“ и „Викајте ме Естебан“. Објавува проза, есеи и критика во списанијата и на веб порталите во Босна и Херцеговина и во регионот.

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1249 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833