ОГЛАСИ

Од печат излезе третиот број на „Наше Здравје“ со корисни совети за превенција на рак на дојка, за детските стравови, повреди на забите...

Живот | Здравје | 29.10.2016 12:44Посети : 1711

Корисни совети и препораки за заштита на здравјето во есенските денови, но и актуелни теми од областа на современата медицина, ќе најдете во третото издание на бесплатниот едукативен магазин за здравје и современ живот „Наше Здравје“, што вчера излезе од печат.



-Меѓу другото, ние ја ослушнавме практиката, но и временската прогноза и годишното време, па така, подготвивме текстови и корисни совети за актуелните проблеми од кашлицата и настинките, се осврнавме на секогаш актуелното прашање за болеста на дојките, за проблемите на насмевката што извира од нашите заби во устата и како сето тоа да го спречиме и лечиме. Ја подготвивме и новата рубрика „Родители и деца“, во која донесуваме текст за стравовите што се јавуваат кај децата. Тоа е актуелна и поучна тема, секако, особено сега кога од нив се бара повеќе да учат, зашто ги чека тестирање, а оптоварени се со големиот број часови, но и разните фобии што се јавуваат во фазата на растот и развојот на децата. - вели главниот и одговорен уредник на магазинот Марица Угриновска Баткоска.



Во третото издание на „Наше Здравје“ уште ќе прочитате статии за корисните својства на билките, за причините за пад на имунитетот, за лековитите својства на Морската вода и зошто таа треба да се применува секојдневно, кои се причините за појава на Хеликобактер, како правилно се употребуваат капките за нос, за правилната употреба на витаминит К, можностите на естетската стоматологија и многу други информации од областа на здравјето и современиот живот.


Издавач на магазинот „Наше здравје“ кој со квалитетот и корисните содржини за кус период се етаблира во поширокиот Охридско-струшки регион е ланецот аптеки „Виа Фарм“ во соработка со Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“. Главен и одговорен уредник на магазинот е Марица Угриновска Баткоска - магистер по фармација, извршен уредник е новинарот и главен и одговорен уредник на порталот „OhridNews“ Горан Момироски, графичкиот дизајн е на Антонио Стаматоски, стручен соработник е искусниот новинар Мишо Китаноски, а техничка поддршка пружија „OhridNews“ и „Мега продукција“. 



Бесплатниот магазин „Наше здравје“ ќе може да се најде во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во комплексот „Св. Ѓорѓија“ во Охрид, во јавните здравствени установи и болниците во Охрид и Струга, како и во познати хотелски и угостителски брендови, модни салони и други препознатливи места во регионот.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Цените на продуктите за велигденските празници се:

Прифатливи

Високи

Цените се реални, стандардот е низок

Гласај

Прифатливи - 0 гласови (0%)

Високи - 1 гласови (25%)

Цените се реални, стандардот е низок - 3 гласови (75%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833