ОГЛАСИ

Со концерт на КУД „Дримкол“ завршија деновите на македонска култура во Вилнус, Литванија

Култура | Свет | 29.10.2016 21:02Посети : 1269

Со целовечерен концерт на КУД „Дримкол“ од Вевчани, синоќа во Вилнус, Литванија, заврши манифестацијата „Денови на македонска култура во Литванија“, на која беа презентирани македонскиот фолклор и традиција. Манифестацијата „Денови на македонската култура во Литванија“ ја организираше Европскиот универзитетот за хуманистички науки од Вилнус.





- Овој проект е резултат на соработката и пријателството со проф. д-р Надежда Черепан, редовен професор по културно наследство на Европскиот универзитет за хуманистички науки во Вилнус. Таа во последниве години редовно учествува на конференцијата за култура и туризам која се одржува во Охрид во организација на Институтот за социо-културна антропологија од Скопје. Таа е голем вљубеник во Македонија и македонското културно наследство и посака барем дел од истото да биде презентирано од страна на КУД „Дримкол“, во Вилнус. Македонскиот фолклор во Вилнус беше презентиран преку Вевчански изворни кореографии и преку сценски обработки од различни етнички предели на Македонија. Во рамките на овој проект свои настапи имаше и соло пеачот Викторија Чочороска, апсолвент на Академијата за музички уметноси во Скопје која изведе македонски традиционални изворни песни. - изјави м-р Тошо Чочороски, претседател на КУД „Дримкол".





Во рамки на ова патување КУД „Дримкол" реализира и три концерти во градовите Здунска Вола и Ширац во Р. Полска и еден концерт во Стара Пазова во Р. Србија.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 4 гласови (15%)

Не - 22 гласови (85%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833