ОГЛАСИ

По вторпат: За патот од Косел до Вапила

Отворена | Писма | 04.12.2016 07:00Посети : 3550

Не постои, во толкава близина на Охрид, толку убаво место какво што е селото Вапила а со толку многу проблеми со кои се соочуваат неговите жители.


Пред некој ден за првпат после еден цел живот патував со минибус на „Галеб“ за село Вапила, за 50 денари. Замислете, превозникот има воспоставени единаесет дневни линии во двете насоки. Кога го заминавме Косел, во минибусот останавме уште петмина, од кои двајца за Вапила а тројца за Ливоишта. И започнаа проблемите со патот. Во еден момент шоферот коментираше: „Штета за луѓето и штета за возилата. Колку е убаво местово а колку е лош патот!“ И навистина, за да избегниш некоја поголема дупка на патот треба да појдиш на левата страна а пред себе имаш свијок. И така се стигнува до единствениот мост во селото а после мостот следуваше нов коментар на шоферот: „Види сега, гледај го патов за Ливоишта, ем широк, ем рамен, ем тазе асфалтиран“. А патот од Вапила до Ливоишта се асфалтираше во март, 2016 година. И веднаш после асфалтирањето во OhridNews беше објавен текстот „Патот од Косел до Вапила е во безнадежна состојба.“ За волја на вистината, патот од Косел до Вапила, за првпат се трасираше и се градеше во 1980 година со помош на војската на ЈНА а со која командуваше познатиот Хашки случај, Ратко Младиќ. Неколку девојки од околните села тогаш си ги пронајдоа и своите животни сопатници меѓу војниците. После таа значајна акција на војската следуваше и првиот асфалт. Потоа патот, поради многу причини полека се оштетуваше а најмногу беше оштетен во времето кога во непосредна близина на Вапила беше лоцирана асфалтна база, со дозвола на Коселскиот градоначалник а без одобрение на Министерството за животна средина на Р. Македонија. За среќа, после неколку години асфалтната база се дислоцираше од Вапила. Следниот проблем на Вапилчани е водата за пиење која во месеците јули и август е во недостаток и се обезбедува преку непопуларните рестрикции. Инаку, со постоечкиот водовод во Вапила и со водоснабдувањето од пред неколку години управува МЈП ПРОАКВА.


Последниот проблем што ќе го имаат Вапилчани се однесува на идниот голем далекувод од 400 КВ од Битола за Р. Албанија што ќе поминува низ веќе допрената природа на атарот на Вапила и на трафостаницата што ќе се изгради во близина на селото. Но тоа ќе се случува во иднина. А што се случува денес?


Во проектот ОТЧЕТНО, Проекти, мерки и дела за граѓаните и државата!, Ова е разликата, на ВМРО-ДПМНЕ што се однесува на Отчетот по однос на програмата од 2014 до 2016 година, на стр. 174 стои запишано:


... Покрај проектите кои беа ветени во програмата 2014-2018 година, во текот на 2015 година се започна со реализација на следниве 49 нови проекти за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја кои се во тек:


За Охрид Реконструкција на локален патен правец од с.Косел преку с.Вапила до с.Ливоишта со вредност од 8.845.491 д.


Во новата програма на ВМРО ДПМНЕ, не е предвидено асфалтирање на патот од Косел до Вапила. Сега судбината на Вапилчани, што се однесува до патот, е во рацете на охридскиот градоначалник во чија програма пишува дека патот ќе биде асфалтиран до 2017 година која е на прагот. Не е на одмет да се каже дека меѓу жителите на Вапила, од создавањето на Македонската држава до денес, довербата со мнозинство на гласови ја добивале тие што припаѓаат на десната опција, односно актуелната власт.


Овие дупки, односно оштетувања што ќе ги видите од фотографиите се приближно 25% од вкупната сегашна состојба на патот.


М. Кузман


Прилог: 15 фотографии

















Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1162 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833