ОГЛАСИ

Во Чешка објавена стихозбирката „Лавиринт“ од македонскиот поет Ристо Лазаров

Живот | Книга | 20.12.2016 10:39Посети : 1417

Осум години по објавувањето на книгата поезија „Чехопек" во Чешка е објавена втора книга од македонскиот поет Ристо Лазаров. Објавена е стихозбирката „Лавиринт" во познатиот, долгогодишен формат на овој поет - седум циклуси по седум песни.


Песните на чешки јазик ги преведе академик Иван Доровски, кој е автор и на предговорот на книгата, како и на биографијата на Лазаров. Книгата има 130 страници, а ликовното решение на корицата на книгата е Дагмар Доровски.


Издавач на ова втора објава на поетска книга на Ристо Лазаров, кој инаку е член на чешкиот ПЕН центар, е угледната издавачка куќа "Теибуна ЕУ". Наскоро во Белград се очекува и објавување на најновата стихозбирка "Мрак" од Ристо Лазаров на српски јазик.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали актуелната политичка криза може да се одрази на туристичката сезона во Охрид?

Да

Не

Гласај

Да - 624 гласови (77%)

Не - 183 гласови (23%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833