ОГЛАСИ

Писма:Македонските институции „изгореа“ во пожарот на Галичица

Отворена | Писма | 25.12.2016 15:21Посети : 1978

Повторно пожар на Галичица и тоа сред зима. Овојпат е опожарена област меѓу селата Велгошти и Рамне, долж северозападната граница на Националниот парк. Со оглед на тоа што немаме никакви официјални информации не можеме да бидеме сигурни дали пожарот зафатил и зона за активно управување или само зона за одржливо користење.

Шумските пожари во овој дел од Галичица, односно Петрино, се многу честа појава и тоа е многу добро познат факт. Како причинител на истите, и тоа без исклучок, се посочува човечкиот фактор. Сепак, јавноста до сега не чула за ниту една правна разрешница на овие случаи. Ова вклучително и за стравотниот пожар од 2007-мата кој се протегна на 7км. За илустрација, само во првите 8 месеци од 2007 г. на Галичица имало 15 пожари кои опфатиле површина од 450 хектари. Според ЈП Македонски шуми, бројот на шумски пожари на ниво на Македонија од 2009 до 2015 г. е зголемен за 3 пати, а во 95% од случаите причинител е човекот.



Зголеменото присуство на луѓе во планинските предели носи и зголемен ризик од шумски пожари. Со најавените мегапроекти за урбанизација во Националиот парк Галичица, тој ризик ќе биде значително поголем. Зачудувачки е фактот што дури ни во стратегиската оценка за влијанието на овие проекти врз животната средина, ризикот од шумски пожари воопшто не е земен како фактор. Шумските пожари не само што се опасност за луѓето, тие потенцијално имаат исклучително лошо влијание врз сложените екосистеми со висока еколошка, но и економска вредност како што е Галичица. И не само од еколошки аспект, пожарите ја намалуваат и економската валидност на проектите, а претставуваат и значително финансиско оптоварување. Секоја година во просек тие ја чинат Македонија 5,3 милиони евра и тоа не вклучувајќи ги трошоците за гаснење на истите. Згора на тоа се и трошоците поврзани со обновување на земјиштето, заштита од наезда на инсекти, зголемен ризик од ерозии, итн. што евидентно се занемарува.

Во 2011 г. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство официјално започнало национална кампања за заштита на шумите од пожари со акцент на подигање на јавната свест за штетноста и опасноста од пожарите, нивно спречување и навремено пријавување. Во април 2014 г. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за хидрометеоролошки работи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП Македонски шуми во партнерство со Јапонската агенција за меѓународна соработка ставиле во употреба современ информативен систем за следење на шумски пожари според европски модел.


Во мај 2016 г. Противпожарен сојуз на РМ и ЈП Македонски шуми потпишале Меморандум за соработка со кој ќе се гарантира „превентивна заштита со поголем ефект и брзо делување на терен при шумски пожари“. Просечен македонски граѓанин да си помисли дека вулкан да избувне во Македонија, искра нема да летне кај што нашите институции нема да дозволат. И така е, но само на хартија и на зборови, а реално, на дело, е вака: локалците (најчесто овчари, козари и сл.) самите ги опожаруваат шумите за потоа да можат да ги искористуваат како огревно дрво. Пожарите некогаш неконтролирано се шират и претставуваат опасност по животот на сите мештани. Неповратно се уништува природниот биодиверзитет кој е од непроценлива вредност.


Бизнис елити сечат (и опожаруваат) со децении стари шуми за остварување на свои лични, тесни финансиски интереси, целосно занемарувајќи ги и грубо кршејќи ги законите, а со тоа нанесувајќи огромна и неповратна штета на квалитетот на живот на своите сограѓани. Во Македонски шуми има илјадници нови вработувања, но на крајно несоодветен кадар. Ако ова не е доволно иронично, има уште – јавните претпријатија национални паркови се финансираат од сеча на дрва за огрев од шумите кои наводно треба да ги штитат. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нема изработено Стратегија за шумарство, а дури и по 25 години од осамостојување немаме Инвентаризација на шуми. Најпросто кажано, Македонија буквално нема поим со што располага и тоа е така со една единствена цел: полесно да се крадат и злоупотребуваат јавните добра!

Затоа, бараме од Државниот инспекторат за шумарство и ловство и од ЈУНП Галичица под итно да отворат истрага и во соработка со соодветни институции (Шумска полиција, МВР) да ги лоцираат виновниците за најновиот пожар на Галичица и да ги изведат пред лицето на правдата. Не бараме ова да биде само формално спроведено како што досега се прави. Бараме институциите еднаш во своето 25-годишно (не)работење да покажат резултати! На сите ни се смачи од „истрагата е во тек“. Веќе е крајно време „истрагата да заврши, а виновниците да се соочат со соодветна казна“.


Охрид SOS



Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1332 гласови (88%)

Не - 174 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833