ОГЛАСИ

Колумна: Елката има и ненакитена страна

Отворена | Колумни | 27.12.2016 11:23Посети : 2866

Елката има и ненакитена страна, онаа страна што не се гледа на прва, што е свртена кон ѕидот. Такви елки китат многумина. Многумина, пак, не ги забележуваат пораките од така накитените елки. Таквите елки ја симболизираат лицемерната еуфорија и фасадерската кичеста среќа на сопственикот. За жал, најчесто и’ се потсмеваме на скромно накитената елка, а и’ се восхитуваме на пренатрупана од сите страни елка, елка празна од страната на ѕидот... Како елките, така се украсуваат и луѓето. Така тие ни го украсуваат и животот.


Да не се лажеме: денес украсувањето елка е луксуз, но за промена, погледнете од страната на ѕидот, поставете ја елката централно. Нека биде скромна, ама реална. Веќе не може со сила да се сокријат немаштијата и тагата на божиќното дрво. А ни велеа дека е симбол на надеж и среќа. Кинеските продавници иж дадоа на елката можност, но не и стандард. И да, ќе заборавев, имајте поголема почит кон оние поскромните елки, подеднакво украсени без сомнителни пари, без сомнителни желби и некакви/никакви подароци за немоќните...


Во овој период, пред повеќе од веќе три години, бев во Н.Р.Кина. Таму ги напишав овие неколку реченици за колумната, а сосема случајно повторно „ги открив“ пред една година. Лани ми текна колку кичесто беше украсен Пекинг и како му се потсмевав, а тој веројатно умираше од смеење - кој кому му се смее. Денес, пак, не сфаќам зошто сум имал толку строга перцепција при опсервирање на работите. Се надевам, повеќе рационална отколку негативна.


Денеска, после сериозните искуства, прилики и неприлики во 2016 -тата, огромната радост и тага,... совршено ми е јасно дека секој момент треба да се прослави, во која и да било констелација на работите. Малку изнудена среќа не е на одмет. Ве потсетувам да не заборавате дека од 2016 - тата сите лузни се Ваши - и тие од тага и тие од радост. Само Ваши! Одиме понатаму, лудост е желбата да се сопре или забрза времето. Да сакаш пак да се врати, е состојба на умот. Што и да посакаш од ова, не заборавај дека е нелогично, нерационално, непрактично. Не заборавај дека времето тече од мигот, а само нему си му сопственик, стопан, капиталец.


Убави мигови, добро здравје и многу среќа! Среќни празници и погледни наоколку. Не разгледувај, туку помогни токму таму со "новогодишна "милостина и насмевка. Некој сигурно чека нешто од Тебе. Сигурно! Се читаме, ГРАДЕ во 2017.


Дејан Блажески  


Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1239 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833