ОГЛАСИ

Излезе зимското издание на „Наше Здравје“ со корисни совети за заштита на здравјето и современиот живот

Живот | Здравје | 27.12.2016 19:36Посети : 5835

Препораки за заштита на здравјето во студените зимски денови и актуелни теми од областа на современата медицина, содржи четвртото издание на бесплатниот едукативен магазин за здравје и современ живот „Наше Здравје“, што денеска излезе од печат. 


- И овој пат понудивме четиво исполнето со корисни совети и препораки за правилно користење на лековите и другите медицински производи, како и едукативни текстови од областа на современиот живот и здравјето. - изјави главниот уредник на „Наше Здравје Марица Угриноска Баткоска.



Во зимското издание на „Наше Здравје“ уште ќе прочитате стручни мислења за настинката и грипот и како правилно да ги препознаете нивните симптоми, за типовите на воспаленија што ги предизвикуваат вирусите и бактериите во овој период од годината, за тоа што претставува синузитис, за иновативните методи на лекување на мозечен удар, заболувањето суво око и многу други. Лекарите одговараат на прашања на пациентите е новата рубрика на „Наше Здравје“, покрај стандардната „Родители и деца“ која овој пат се осврнува на слободното време на најмладите. Тука се и бројните корисни совети од областа на стоматологијата.



Издавач на магазинот „Наше здравје“ е ланецот аптеки „Виа Фарм“ во соработка со Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“. Главен и одговорен уредник на магазинот е Марица Угриновска Баткоска, извршен уредник е Горан Момироски, графичкиот дизајн е на Антонио Стаматоски, стручен соработник е Мишо Китаноски, а техничка поддршка пружија „OhridNews“ и „Мега продукција“. 


Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да се најде во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, како и во новата аптека на ул. „Марко Нестороски“ бр.164 во Охрид, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во комплексот „Св. Ѓорѓија“ во Охрид, во јавните здравствени установи и болниците во Охрид и Струга, како и во познати хотелски и угостителски брендови, модни салони и други препознатливи места во регионот.


OhridNews




© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 404 гласови (40%)

Не - 88 гласови (9%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 529 гласови (52%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833