ОГЛАСИ

Успешен крај на натпреварувачката сезона за охридските стрелци

Спорт | Охрид | 28.12.2016 10:02Посети : 1254

Во двата последователни Купа што се одржаа на 20.11.2016 во Штип и 25.12.2016 во Скопје, младите јуниорки на СК ,,Охрид,, се повисоко котираат, оставајќи ги зад себе и членовите на другите клубови кои тренираат и повеќе години.



На четвртиот Куп во Штип, Мартина Петровска со извонреден резултат од 406 кругови со своj личен рекорд и потврдена минимална олимписка норма, се пласира на втората позиција во јуниорска категорија, односно на третата позиција во севкупен пласман жени. Младата јуниорка пак, Анастасија Мојсовска, која има само 14 години, се пласира на третата позиција во јуниорска категорија, односно на четвртата во севкупен пласман-жени со извонредно висок резултат од 391,4 круга кој е за 6,4 круга повисок од минималната младинска олимписка норма, а за само 0,6 помал од минималната олимписка норма. Јана Маркоска која после подолга пауза и отсуство на тренинзи се пласира на петтата позција во јуниорка категорија, односно на седмата позиција во севкупен пласман-жени со резултат од 379,4 кругови.

На последниот Куп за оваа година, што се одржа викендов во Скопје на стрелиштето во Корчагин, нова промена во врвот на табелата:

Мартина Петровска со потврдена минимална олимписка норма (која изнесува 392,0 кругови) и резултат од извонредни 404,8 круга повторно се пласира на втората позиција во категорија на јуниорки, односно на третата позиција во севкупен пламан жени. (во меѓувреме и на двата интернационални Турнири во Смедерев и Белград, Мартина ја пука минималната олимписка норма и тоа: во Смедерево 401,4 и 404 и Белград 396.1 и 403 круга). Ново освежување во врвот на табелата, е секако Јана Маркоска, која со еден месец тренинг повторно се враќа во форма и истотака ја потврдува минималната олимписка норма со свој личен рекорд од 402,3 круга, пласирајќи се на третата позиција во јуниорска категорија односно на четвртата позиција во севкупен пласман-жени. Мал пад на младата јуниорка Анастасија Мојсовска која со резултат од 381,2 круга се пласира на четвртата позиција во јуниорска категорија, односно на шестата позиција во севкупен пласман-жени. (во меѓувреме Анастасија на меѓународниот Турнир во Смедерево, кој претендира во иднина да биде Европско Првенство за јуниори, таа два пати последователно ја испука минималната олимписка и младинска олимписка норма од 394,8 и 394,2 круга, а во Белград само младинската олимписка норма од 390,2 круга)

Кај мажите нашиот долгогодишен државен рекордер и првак на Македонија, со неколку пати потврдена олимписка норма, Михаил Шишкоски овајпат мораше да се задоволи со вицешампионската позиција, со резелутат од 586,7 и заостанување од 3 круга зад првопласираниот.

За наредната година, клубот очекува продор и на останатите јуниорки во врвот на табелата, со што реални се и очекувањата за составување на јуниорска екипа точно од членките на нашиот клуб за престојното Европско Првенство што треба да се одржи од 06-12.03.2017 година во Марибор, Словенија. И Михаил Шишкоски кој после подолга пауза од тренинзи, и своевиден бојкот на се што му се случува изминативе години (иако е Државен рекордер и првак на Македонија веќе 5-6 години тој досега ниту еднаш не е пријавен за меѓународен настап од страна на МССФ) го најавува својот камбек, со цел потврдување на МQS и на меѓународни план.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 916 гласови (37%)

Не - 653 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 939 гласови (37%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833