ОГЛАСИ

Титаник не потонал заради ударот во леден брег, се случувало нешто подраматично

Занимливости | Свет | 03.01.2017 07:00Посети : 2711

Еден од најпознатите и најтрагичните бродови на сите времиња, Титаник, потона во април 1912 година на пат од Саутемптон кон Њујорк, при што животот го загубија над 1.500 патници и членови на екипажот, а повеќе од еден век се веруваше дека трагедијата ја предизвика леден брег во кој удрил бродот, пренесува „Макфакс“.



 


Сега стручњаците тврдат дека дошле до нови докази кои укажуваат на тоа дека катастрофата започнала од пожарот што избувнал во трупот на бродот пред самото испловување, а иако знаеле за тоа, сопствениците на бродот не сакале да го одложат испловувањето.

Новинарот Сенан Молони, кој веќе 30 години го истражува потонувањето на Титаник, проучувал ретки фотографии што ги снимил главниот електричар на бродот и забележал големи црни дамки во внатрешноста на бродот на местото каде што подоцна ќе удри мразот.

Се претпоставува дека дамките настанале од пожарот во една од котларите, кој го гаснеле 12 луѓе, но бил преголем. Температурата се искачила над 1000 Целзиусови степени, а екипажот наводно добил наредба за тоа да не зборува. Молони уште тврди дека бродот пред испловувањето бил така закотвен, што патниците не можеле да го видат пожарот.

Кога Титаник удрил во мразот, трупот на бродот бил ослабен од топлината на пожарот и попуштил, што овозможило водата брзо да навлезе во внатрешноста и бродот да потоне за кратко време.

„Официјалната истрага на потонувањето се толкуваше како Божје дело, но ова не е едноставен случај на судар со леден брег. Катастрофата е последица на пожарот, мразот, но и човечкиот фактор, негрижа на сопственикот на компанијата. Стручњаците за металургија ни рекоа дека таквите температури можат да ја ослабат цврстината на челикот за 75 отсто“, тврди Молони, пренесува The Independent.


OhridNews
извор: „Макфакс“


 

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1269 гласови (37%)

Не - 849 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1283 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833