ОГЛАСИ

Истекува рокот за пријавување за спортист на годината во Охрид

Спорт | Охрид | 05.01.2017 17:32Посети : 980

Остана уште малку време за пријавување за изборот на најдобар спортист во Охрид за 2016 година кој традиоцинално го организира охридскиот Сојуз на спортови.



Пријавувањето трае до 10 јануари, а церомонијата за прогласување ќе се одржи на 16-ти јануари во големата салата во Општина Охрид.

За 2016 година ќе се избира најдобар спортист поединечно (машки-женски), најуспешен млад спортист поединечно, најперспективен спортист поединечно, најуспешна спортска екипа, најуспешен спортски тренер, најуспешен спортски работник и најуспешен спортски презентер. Стандардно признанија ќе бидат доделени за животно дело, најмасовен спортски клуб, ферл плеј и слично.

Од Сојузот на спортови Охрид ги повикуваат сите членови на Сојузот, спортските екипи од Охрид, спортските работници и поединеците и новинарите да достават листа со предлози за што потранспарантен и поддржан избор.

Спортските клубови кои не се членки на Сојузот на споротови во Охрид при аплицирање за најдобрите ќе треба да поднесат апликација за членство.

Изборот на најдобрите ќе го изврши комисија, избрана од Управниот одбор на Сојузот на спортови Охрид. Таа ќе е составена од познати спортски активисти, спортски новинари и членови на Сојузот на спортови Охрид.

Критериумите се строго пропишани согласно статутот на Сојузот на спортови Охрид, каде се предвидени апликантите да ги исполнуваат следните критериуми:

- Да поседува решение од Централен регистер на РМ,
- Да поседува решение од Агенцијата за млади и спорт на РМ,
- Да достават диплома или признание од локално ниво, државно, балканско, европски и светско натпреварување,
- Секој апликант треба да настапува за Охрид и да членува во охридски клуб.

Сите апликации да се поткрепат со извештај од спортскиот натпревар каде е постигнат успехот и извештај од федерацијата во која е зачленет клубот, со соодветни споредбени резултати на домашно, балканско, европско или светско ниво. Посебно ќе се ценат додатни прилози, како објави во штамани и електронски медиуми, известување од натпреварот на официјалната интернет страница на организаторот, извештаи и табели од официјални интернет страници на домашни, балкански, европски и светски федерациите или сојузи и сл. Во прилог да се достави кратка биографија.

Контакт за доставувањето на апликациите-предлозите во изборот за најдобрите спортисти во Охрид:

- на електронската адреса sojuznasportoviohrid@yahoo.com
- во просториите на кајак кану клубот Стрмец- Охрид, во бараките на поранешен Гранит на крај од кејот после Хотел Гарден
- Претседател на Сојузот на спортови Охрид, Коста Карадимче, тел 070/249-507
- Подпредседател на Сојузот на спортови Охрид, Цветко Чолески, тел. 075/393-866
- Техничкиот секретар на Сојузот на спортови Охрид, Радован Попоски, тел. 075/951-777

За потсетување, минатата година наградите за најдобри спортисти ги понесоа Мартина Мироска (атлетика) и Иван Тасески (ракомет).


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1269 гласови (37%)

Не - 849 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1283 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833