ОГЛАСИ

Емотивен проштален говор на Обама: Демократијата е на испит

Вести | Свет | 11.01.2017 09:57Посети : 688

Американскиот претседател Барак Обама, во својот проштален говор, рекол дека САД се соочуваат со голем испит за својата демократија, а Американците ги повика да се борат за американските вредности и да ја отфрлат дискриминацијата. „Демократијата бара чувство на солидарност. И покрај разликите, во ова сме влезени сите заедно. Се воздигнуваме и паѓаме како еден“, истакнал во својот емотивен говор, на моменти и низ солзи претседателот во заминување. Обама кој претседателската функција ја обавуваше во два мандати потенцирал дека Америка е „подобра и посилна“ него пред осум години кога станал претседател. „Да, ние тоа го направивме“, рекол Обама, алудирајќи на паролата „Да ние тоа го можеме“, која ја кажа во ноќта кога победи на изборите.



Говорот Обама го одржа пред 18.000 луѓе во родниот Чикаго, каде во 2008 година ја прослави победата на претседателските избори. Тој се осврна и на борбата против тероризмот, наведувајќи дека биле елиминирани илјадници терористи, меѓу кои и Осама бин Ладен. Обама ги повика луѓето да бидат внимателни, но да не се плашат.
„Исламската држава ќе се обиде да убива невини луѓе. Но тие не можат да ја поразат Америка, единствено тоа може да се случи доколку не го почитуваме нашиот Устав и нашите принципи во борбата“.


На ривалите Русија и Кина, Обама им порача дека не можат да се мерат со влијанието кое Америка го има во светот. На незадоволството од публиката што Доналд Трамп ќе ја преземе власта, Обама рекол: „Не, не, не, не. Мирниот пренос на власта помеѓу претседателите е заштитен знак на американската демократија“. Сепак тој предупредил дека постојат работи кои и се закануваат на американската демократија, меѓу кои се економската нееднаквост и расната поделба. Во говорот тој низ солзи им се заблагодарил на ќерките и сопругата Мишел, која ја нарекол „мојот најдобар пријател“.


Обама му се обратил и на потпретседателот Џозеф Бајден, истакнувајќи дека него прв го одбрал кога стапувал на функцијата е дека тоа е најдобриот избор кој го направил. На Американците им порачал дека секој ден од нив учел нешто ново. „Направивте да бидам подобар претседател, подобар човек“, заклучил Обама. Барак Обама на 20.јануари ќе му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.


OhridNews
извор Макфакс

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 94 гласови (18%)

Не - 421 гласови (82%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833