ОГЛАСИ

Стартува ракометниот Мундијал во Франција

Спорт | Свет | 11.01.2017 12:34Посети : 855

Франција од денеска до 29.јануари ќе биде домаќин на Светското ракометно првенство. Французите ја браната светската круна, на шампионатот на кој фаворити уште се и олимпискиот шампион Данска, односно европскиот првак Германија.



Во Франција, со натпреварот помеѓу домаќинот и репрезентацијата на Бразил ќе започне 25-то Светско првенство, на кој меѓу 24-те репрезентации учеснички се наоѓа и Македонија. Македонија во Франција петти пат во историјата ќе учествува на Мундијалите, а најдобриот пласман го оставри пред две години во Катар кога заврши како деветтопласирана.

Боите на Македонија на Мундијалот во Франција ќе ги бранат: Никола Митревски, Кирил Колев, Благојче Трајковски, Никола Маркоски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Велко Маркоски, Филип Талески, Марко Нелоски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски и Влатко Митков.



Македонија натпреварите на Мундијалот ќе ги игра во Б групата, во Мец. Првиот меч со Тунис Македонија ќе го одигра 12.јануари од 17:45 часот, потоа на 14.јануари од 20:45 часот е мечот со Ангола, два дена подоцна од 17:45 часот е пресметката со Словенија, а на 18 и 19.јануари од 20:45, односно 17:45 часот противници на македонските ракометари ќе им бдат Шпанија и Исланд.

Најдобрите четирите репрезентации од секоја група ќе продолжат во групи пласман во осминафиналето, каде ќе вкрстуваат репрезентациите од А и Б, односно од Ц и Д групите.

Групите: 

Група А: Франција, Полска, Русија, Норвешка, Бразил и Јапонија


Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис и Ангола


Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле и Саудиска Арабија


Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин и Аргентина.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 1269 гласови (37%)

Не - 849 гласови (25%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 1283 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833