ОГЛАСИ

Арнаудов:Ветеното го реализираме-Охрид ќе добие марина и експресен пат

Вести | Охрид | 11.01.2017 12:33Посети : 4875

Изградбата на марина во Охрид е проект кој ќе се реализира од 2018-2020 година, ќе чини 2 милиони евра, а целта е да се задоволат потребите на сопствениците на пловни објекти во Охридското Езеро, рече на денешната прес конференција претседателот на општинската ВМРО-ДПМНЕ и пратеник д-р Љубен Арнаудов, укажувајќи на дел од ветувањата дадени во изборната кампања, како што потенцира, проекти од витално значење за развој на градот.



- Марината ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција. Ќе има најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти, 10 бродови и осовременување на пристапите за бродови и зголемување на просторот за маневрирање. Исто така марината ќе има  и други содржини како ресторан, продавница за наутичка опрема, сервис за пловила, бензиска пумпа, паркиралиште за возила и приколки, административен дел и магацински простор, рече Арнаудов.


Тој потсети и на ветената изградба на нов експресен пат Охрид-Пештани кој ќе се гради паралелно со стариот пат во должина од 14,5 километри.



- Со изградбата на овој пат ќе се допринесе за развојот на туризмот во охридскиот регион, но исто така овој експресен пат е неопходен бидејќи со неговата изградба ќе им се олесни движењето на граѓаните кои живеат во галичкиот предел како во летниот така и во зимскиот период, додаде Арнаудов.


Како што рече Арнаудов, ВМРО ДПМНЕ е партија која секогаш се стреми кон реазлизација на ветените проекти, но пред се партија која ги чува националните интереси и дека секогаш стои зад дадениот збор и даденото ветување.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Македонија на СП во ракомет ќе се пласира во:

Осминафинале

Четвртфинале

Полуфинале

Финале

Гласај

Осминафинале - 15 гласови (58%)

Четвртфинале - 5 гласови (19%)

Полуфинале - 0 гласови (0%)

Финале - 6 гласови (23%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833