ОГЛАСИ

Попоски до Бушати: Секој да си гледа во сопствениот двор, потребна е реторика за 2017, а не за 1913 година

Вести | Македонија | 11.01.2017 23:02Посети : 851

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на својот албански колега Дитмир Бушати му порача дека „денес во Европа е потребен речник и култура за 2017-та година“и дека „ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира“, како реакција на изјавата на албанскиот министер, кој Македонците ги нарече „Славомакедонци“, пренесува „Макфакс“.



„Разбирливо е дека тоа се прави и за внатрешна употреба и за сопствениот рејтинг дома, но, сепак, овие практики се надвор од нормална меѓусоседска соработка. Најдобро е пред секој обид за демонстрирање на глобално лидерство, секој добро да погледне во сопствениот двор. Така, политичарите и во тие земји ќе се фокусираат на подобрување на домашните слабости“, се вели во реакцијата на Попоски. 


Македонскиот министер додал дека Албанија се соочува со доволно проблеми на внатрешен план, на кои треба да се посвети, и дека не верува оти случувањата во Македонија се приоритет за даночните обврзници во Албанија.


„Проблемите со правниот систем, борбата со криминалот и корупцијата, основните човекови права и слободи се дел од оние што се идентификувани од Европската комисија кај нашиот сосед, а и на други места. Објективно, сите ние имаме повеќе од доволно домашни проблеми за да се занимаваме со туѓите. Кој како именува некого е веројатно и одраз на почит и воспитување. Ние сме Македонци и ништо повеќе ниту ништо помалку. Ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира. Денес, во Европа е потребен речник и култура за 2017 година, а не за 1913 година“, порача Попоски.


OhridNews
извор: „Макфакс“

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Македонија на СП во ракомет ќе се пласира во:

Осминафинале

Четвртфинале

Полуфинале

Финале

Гласај

Осминафинале - 82 гласови (36%)

Четвртфинале - 84 гласови (37%)

Полуфинале - 28 гласови (12%)

Финале - 32 гласови (14%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833