ОГЛАСИ

Видео: Како изгледаше музичко забавниот настан на годината во Охрид

OhridNews TV | OhridNews TV | 09.02.2017 21:54Посети : 8851

Зимска бајка на OhridNews на крајот од месец декември се уште е во свежи сеќавања на охриѓани, а деновиве заврши и монтажата на видео материјалот од традиционалниот предновогодишен хепенинг кој има и хуманитарен карактер. Музичко забавниот настан на годината во целосно исполнетиот центар за култура „Григор Прличев“ на публиката и понуди двочасовно уживање со безвременските хитови во беспрекорна и полна со емоции изведба на врвните музички уметници Емилија Маринова, Драган Василески - Пајо (Камелеон), Горан Папаз, Роберт Милески, Јане Тодороски и Филип Стојкоски Зизи. На „Зимската бајка“ фантастично шоу имаше извонредниот стендап комичар Никола Тодороски. 



Зимската бајка повторно понуди прекрасен сценски амбиент за што се погрижија Лабино саунд и цвеќара „Бела дизајн“, која изработува креативни декорации за свечени поводи. За светлото и звукот се погрижи повторно Лабино саунд. Настанот го поддржаа ресторан „Park Lake Side“, „Жито леб“, винарија Тиквеш, бутици „Емили“, бензинска пумпа „Моби Петрол“, „Мега продукција“ и фото Емилио, а главен медиумски покровител беше OhridNews. Како изгледаше музичко забавниот настан на годината во Охрид погледнете од видео записот на „Мега продукција“, која го овековечи настанот во висока дигитална резолуција и квалитет по кој оваа продукција е препознатлива.



OhridNews








© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

OhridNews TV

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 293 гласови (19%)

Не - 1217 гласови (81%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833