ОГЛАСИ

ЛЕ: „Црвените ѓаволи“ непогрешливи на Олд Трафорд, Рома ја потона подморницата (видео)

Спорт | Свет | 16.02.2017 23:06Посети : 693

Манчестер Јунајтед и Рома ја потврдија својата класа во првите мечеви од 1/16 финалето во Лигата на Европа победувајќи ги своите ривали Сент Етјен (3-0) односно Виљареал (4-0).



На крилата од Златан Ибрахимовиќ кој ги постигна трите погодоци „црвените ѓаволи“ ја оправдаа фаворитската улога во мечот на Олд Трафорд. Швеѓанецот прецизно стрелаше во 15-та, 75-та и 88-та минута за мирен и спокоен реванш во Франција.





„Волчицата“, пак, добрите игри од Серија А ги преслика во Лигата на Европа и го отпиша шпанскиот состав уште по првиот натпревар. Главна улога во триумфот на Рома беше Един Џеко кој три пати се запиша во листата на стрелци, а убедливата победа ја најави Емерсон.


Покрај мајсториите и головите на Ибрахимовиќ и на Џеко првата рунда од 1/16 финалето во Лигата на Европа го одбележа провокатарскиот транспарент на мечот меѓу ПАОК и Шалке. Грчките навивачи со провокативна содржина намената за нашата земја навиваа на дуелот со германиците кои се „прошетаа“ победувајќи 3-0.

Резултати: Краснодар - Фенербахче 1-0, АЗ Алкмар - Лион 1-4, Астра - Генк 2-2, Селта Виго - Шахјтор Доњецк 0-1, Ростов - Спарта Прага 4-0, Гент - Тотенхем 1-0, Лудогорец - Копенхаген 1-2, Борусија Менхенгладбах - Фиорентина 0-1, Олимпијакос - Османлиспор 0-0, Андерлехт - Зенит 2-0, Атлетик Билбао - АПОЕЛ 3-2, Хапоел Беер Шева - Бешикташ 1-3, Легија - Ајакс 0-0, Мен Ју - Сент Етјен 3-0, ПАОК - Шалке 0-3, Виљареал - Рома 0-4.


Фото: Грчка провокација за Македонија на меч од Лигата на Европа


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 588 гласови (30%)

Не - 1348 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833