ОГЛАСИ

Прекумерната тежина најголема причина за бубрежни заболувања

Живот | Здравје | 10.03.2017 10:12Посети : 765

Прекумерната тежина се дефинира како абнормална или прекумерна акумулација на мастите во организмот кои можат да го нарушат здравјето на луѓето. Во 2014 година, повеќе од 600 милиони луѓе во светот биле со прекумерна тежина.



Прекумерната тежина е моќен фактор за зголемување на ризикот за развој на болести на бубрезите. Исто така, прекумерната тежина го зголемува ризикот од развој на главните фактори на појава на хронична бубрежна болест (ХББ), како дијабетес и хипертензија, и има директно влијание врз развојот на ХББ се до крајниот стадиум на бубрежна болест (ESRD). Ова беше соопштено на Светскиот ден за бубрегот, 9-ти Март, кој кај нас 12 година по ред го одбележува здружението „Нефрон“.


Кај лицата со прекумерна телесна тежина, бубрезите се оптоварени и работат посилно, филтрираат повеќе крв од нормалните количини (хиперфилтрација) за да се исполнат барањата на метаболички процеси предизвикани од зголемената телесната тежина. Зголемувањето на функцијата, односно непотребното оптоварување, може да ги оштети бубрезите и да го зголеми ризикот за развој на ХББ на долг рок.

Добрата вест е дека прекумерната тежина, како и ХББ, во голема мера можат да се одложат односно спречат. Едукацијата и свеста за ризикот од прекумерна телесна тежина од една страна и здравиот начин на живот од друга страна, вклучувајќи и соодветна исхрана и телесни вежби, може значајно да помогне во спречувањето на прекумерната тежина и развој на болестите на бубрезите.
Оваа година Светскиот ден на бубрегот промовира активности поврзани со едукацијата за штетните последици на прекумерната тежина и неговата поврзаност со болести на бубрезите, залагајќи се за здрав начин на живот и иницирање на мерки на здравствената политика со кои превентицијата ја промовираат како најприфатлива опција.

Односот меѓу бубрежни заболувања и прекумерната телесна тежина

Постои поголема веројатност бубрежните заболувања да се развијат кај лицата со прекумерна телесна тежина, вклучивајќи ги и лицата со дијабетес и долготрајна хипертензија.


До 2025 година, прекумерната телесна тежина ќе опфати повеќе од 18% од мажите и 21% од жените во светот, а со значителна прекумерна телесна тежина ќе бидат засегнати 6% од мажите и 9% од сите жени од целиот свет.


Во некои земји, прекумерната телесна тежина е присутна кај повеќе од една третина од возрасното население и значително придонесува за лоша здравствена состојба и високите годишни трошоци за здравствена заштита на национално ниво.
Генерално, прекумерната телесна тежина го зголемува ризикот од смрт и придонесува за многу други болести како срцеви заболувања, дијабетес, висок крвен притисок, висок холестерол, опструктивна ноќна апнеја, замастен црн дроб, болести на жолчното кесе, остеоартритис, различни видови на рак, ментални нарушувања и воопшто ниско ниво на квалитет на животот.

Се поголем број на докази покажуваат дека прекумерната телесна тежина е моќен фактор на ризик за развој на хронична бубрежна болест (ХББ) и побрзо достигнување на крајниот стадиум на бубрежна болест (ESRD). Луѓето кои се со прекумерна тежина или се „дебели„ имаат 2 до 7 повеќе шанси за развој ESRD во споредба со оние со нормална тежина.


Дебелината може да доведе до ХББ индиректно со зголемување на појава на дијабетес-тип 2, хипертензија и срцеви заболувања, а исто така и со непотребното оптоварување односно зголемување на обемот на работа на бубрезите и нивно директно оштетување.


Намалување на дебелината може да се намали односно да го забави напредувањето на ХББ.

Акутно бубрежно оштетување (AKI) е сериозна состојба која се развива одеднаш, често трае кратко време и може да исчезне сосема, откако основната причина се третира и лекува, но може и да има долготрајни последици со доживотно нарушување на квалитетот на животот.


AKI почесто се јавува кај лицата со прекумерна телесна тежина. 


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 306 гласови (19%)

Не - 1285 гласови (81%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833