ОГЛАСИ

Потенцијалите на денталниот туризам во Охрид и традицијата на Вевчани промовирани на саемот во Берлин

Вести | Охрид | 11.03.2017 18:30Посети : 6739

Денталниот и активниот туризам со акцент на традиционалните вредности на Охридско - струшкиот регион се претставуваат на Саемот за туризам во Берлин, кој завршува утре.



Потенцијалите на денталниот туризам во Охрид ги претставува стоматолошкиот бренд и лидерот во иновации во оваа област кај нас, стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.



- Повеќегодишните напори во развој на денталниот туризам во Охрид носат резултати. Од година во година сé поголем е бројот на странци кои доаѓаат за да одмораат во Охрид и да добијат врвна стоматолошка услуга по европски стандарди во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“. Веруваме дека нивниот број во иднина ќе се зголемува. - велат од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.



На саемот во Берлин можностите за активен туризам, традиционалните вредности и познатите специјалитети од домашната кујна ги претставува ресторанот „Виа Игнација“ од Вевчани. Овој ресторан долги години вниматено го гради својот имиџ, а се поголем е бројот на странски туристи кои го посетуваат ова место.



Оваа година на саемот во Берлин се претставуваат учесници од 187 земји од пет континенти. Туристичката понуда е претставена во 24 хали, а се очекува саемот да го посетат 26.000 конференциски посетители, 60.000 приватни и околу 120.000 трговски посетители.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 404 гласови (40%)

Не - 88 гласови (9%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 529 гласови (52%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833