ОГЛАСИ

Јордан Манасиевски единствен претставник од Македонија на интернационалното биенале во Италија

Култура | Свет | 13.03.2017 07:00Посети : 1648

Од 9 до 12 март, во Палермо, Италија, се одржа престижното Биенале за современа уметност со учество од преку 600 уметници од цел свет. На настанот што го организираа најпознатиот италијански куратор за современа уметност Паоло Леви и Сандро Серадифалко во соработка со истакнати личности од светот на културата, сликарството, фотографија и дизајн, беа претставени 60 избрани дела од европски и американски автори кои го одбележуваат современото сликарство во почетокот на 21 век, меѓу кои и македонскиот сликар од Охрид Јордан Манасиевски.



Италијанската уметничка критика исклучително позитивно го оцени сликарството на Јордан Манасијески, а него го вброи во автори чии дела имаат висока естетска и креативна вредност со музејски критериум. 



"Ти благодариме Мајко за твојот дар" - Јордан Манасиевски 


Од биеналето во Палермо се очекува да биде изработена ексклузивна печатена монографија во која ќе бидат презентирани селектираните автори, меѓу кои и нашиот
Јордан Манасиевски кој во Италија се претстави со делото "Ти благодариме Мајко за твојот дар", слика масло на платно изработена во 2017 година.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 290 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833