ОГЛАСИ

„Hardfaced“ со концерт Охрид одбележува десет години од албумот „More thаn hate"

Занимливости | Охрид | 15.03.2017 07:58Посети : 2024

Во петок (17 март, 20:00 часот) во потсценскиот простор во Центарот за култура "Григор Прличев", концерт ќе одржи Охридскот хардкор метал бенд Hardfaced. Концертот во Охрид е дел од македонската турнеја која ги опфаќа и градовите Куманово, Скопје и Битола. На сите концерти Hardfaced во својот сет ќе ги свират песните од првиот албум "More thаn hate", кој оваа година слави десет години од неговото излегување. Турнејата е насловена како "X years of hate".



Хардфејсд се основани во почетокот на 2004 година во Охрид. Во 2007 излегува нивниот деби албум “More than hate” кој добива одлични критики во Македонија и низ Балканот. Во 2011 излегува вториот албум “Show them what they fear”, a актуелни се и со третиот албум "Dying Lake". Зад себе имаат неколку Европски турнеи и свиреле со бендови како Biohazard, Unearth, Stampin' Ground, 7 Seconds, Parkway Drive, Born From Pain, No Turning Back, Romeo Must Die, Devil In Me, Last Hope, Shame 69, Agnostic Front и многу други.

Гости на концертот во Охрид се Скопскиот кросовер хардкор метал бенд Trendkill.Во 2015 година со оригиналната постава го имаат издадено деби албумот "Colors of Self", а на 11 февруари 2017 година излезе и ЕР-то "Приградски хардкор".

Покрај концертите во Охрид, Битола и Куманово, "Hardfaced" во четврток свират и на роденденскиот концерт на "Diehard booking & records". На сцената на Младинскиот Културен Центар во Скопје покрај Hardfaced, ќе настапат и Nasty од Белгија, Blood shot down од Германија, како и македонските бендови Shock troopers, Gargoyles и Short fuse hero.

Концертот во Охрид е во организација на Gabba Gabba Ohrid, Diehard booking подпомогнати од Zograf amplification. Карти за концертот можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ по цена од 150 денари и 200 денари на денот на концертот.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 433 гласови (35%)

Не - 350 гласови (28%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 472 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833