ОГЛАСИ

Обновено: Протест на охридските средношколци за поддршка на унитарна Македонија и претседателот Иванов

Вести | Охрид | 20.03.2017 10:57Посети : 8395

Политичката криза ги зафати и образовните институции во Охрид. Утрово ученици од средното техничко училиште ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, според нивни зборови, спонтано ги напуштиле училишните клупи и се придружија на протестите за, како што рекоа, зачувување на унитарноста на државата, а против двојазичност и федерализација, за што инаку веќе трета недела протестира движењето „За заедничка Македонија“.






Средношколците од овие две училишта најпрвин се упатија кон охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, од каде, според нивните тврдења, им се приклучиле неколкумина ученици, а потоа во средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“, каде набрзо пристигна и полицијата. И од ова училиште неколкумина ученици се приклучиле на протестот, рекоа учесниците. 




Стотина среднишколци со знамиња и скандирања се упатија кон градскиот плоштад, каде ги истакнаа своите барања дека се за зачувување на унитарниот карактер на државата и ја поддржуваат политиката на претседателот Иванов.


- Сами се организиравме за да се заштити Македонија. Нема да се плашиме ќе ја подржуваме Македонија, за оваа татковина се имаат пролеано многу капки крв.


- Протестираме за нашиот јазик, знаме и химна да си останат. Ако сакаат и неоправдани изостаноци нека пишуваат, нашето оправдание е Македонија. Некои од директорите на училиштата не подржуваат, некои не. 


- Тука сме за заедничка Македонија и не сме за платформата од Тирана, а странците да не вршат притисок врз претседателот Иванов, бидејќи Заев сака Македонија да ја направи голема Албанија, нема да му дозволиме, изјавија дел од учесниците на протестот. 




Охридските средношколци најавија дека со протести ќе продолжат во среда.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали актуелната политичка криза може да се одрази на туристичката сезона во Охрид?

Да

Не

Гласај

Да - 624 гласови (77%)

Не - 183 гласови (23%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833