ОГЛАСИ

Пандев промовиран за амбасадор на Супер Купот и ги откри своите желби

Спорт | Македонија | 20.03.2017 13:44Посети : 487

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го промовираше капитенот на А селекцијата Горан Пандев за амбасадор на финалниот натпреварот во Супер купот кој ќе се одигра на 8 август во Скопје.



Ребрендираната национална арена „Телеком“ ќе ги пречека годинашните победници во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа. Сега веќе официјалниот амбасадор на најголемиот спортски настан во Македонија, Пандев ги откри кои екипи ги посакува да допатуваат во нашата земја.

- Најпрво да се заблагодарам за довербата од ФФМ која ми ја додели да бидам амбасадор и промотер на еден ваков спектакл. На сите треба да ни биде гордост што во нашата земја ќе се одржи натпревар од светски рамки. Јас лично посакувам да дојдат Манчестер Јунајтед како победник од Лигата на Европа и Јувентус или Барселона како победник од Лигата на Шампиони. - изјави Пандев. 



„Гранде Пандев“ како што го нарекуваат италијаните има учество во Супер купот 2010 година кога неговиот тим претрпе пораз од Атлетико Мадрид.


Фото: Екипа.мк
OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали актуелната политичка криза може да се одрази на туристичката сезона во Охрид?

Да

Не

Гласај

Да - 714 гласови (77%)

Не - 210 гласови (23%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833