ОГЛАСИ

Мешков Брест домаќин на Ф4 турнирот во СЕХА лигата

Спорт | Свет | 20.03.2017 15:00Посети : 313

Челниците на СЕХА лигата потврдија дека завршниот турнир во регионалното натпреварување ќе го организира тимот Мешков Брест. Турнирот ќе се игра во Брест, Белорусија од 7. до 9.април.



СЕХА му ја додели организацијата на завршниот турнир на Мешков Брест кој во последното коло успеа да избори пласман меѓу најдобрите четири екипи во регионалното натпреварување.

Македонскиот првак Вардар регуларниот дел од сезоната ја заврши на првата позиција пред Веспрем, Мешков Брест и ППД Загреб.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 7.април, а двојките се Вардар-ППД Загреб и Веспрем-Мешков Брест, додека натпреварот за третото место и мечот за титулата ќе се одиграат на 9.април.

Од СЕХА соопштија дека завршниот турнир ќе биде пренесуван во девет земји, а сатницата за одигрување на натпреварите ќе биде дополнително одредена.


OhridNews


 

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 433 гласови (35%)

Не - 350 гласови (28%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 472 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833