ОГЛАСИ

Скопскиот аеродром на листата на најдобрите 10 во Источна Европа

Вести | Македонија | 20.03.2017 14:16Посети : 509

Скопскиот аеродром Александар Велики, со кој оперира ТАВ Македонија, е рангиран меѓу десетте најдобри аеродроми во Источна Европа за 2017 година, на Светските Аеродромски награди, одржани неодамна во Амстердам, во организација на реномираната британска организација „Скајтракс“.  Свечената церемонија на Светските Аеродромски Награди на „Скајтракс’’ се одржа на саемот за аеродромски услуги, каде што скопскиот аеродром го зазеде десеттото место на листата ТОП 10 најдобри аеродроми во Источна Европа, во категоријата „најдобри аеродроми според глобалниот регион’’.



Оваа листа ја предводи аеродромот во Будимпешта, а по него следуваат аеродромите во Талин, Киев, Рига, Белград, Тблиси, Софија, Братислава, Букурешт и Скопје.
 
Во рамки на Светските Аеродромски Награди, најдобрите 10 аеродроми во светот за 2017 година се: Чанги во Сингапур, Ханеда во Токио, Инчеон во Јужна Кореја, аеродромите во Минхен и Хонг Конг, Хамад во Доха, Чубу Центреир во Нагоја – Јапонија, аеродромот во Цирих, Хитроу во Лондон и аеродромот во Франкфурт.   
„Скајтракс“ е истражувачка организација основана во 1989 година со седиште во Лондон, Велика Британија. Организацијата е специјализирана за спроведување на истражувања во авиоиндустријата посветени на подобрување на услугите што авиокомпаниите и аеродромите им ги нудат на патниците низ светот. Станува збор за најпрестижното признание во аеродромската индустрија, кое се добива врз основа на најголемото годишно истражување на задоволството на клиентите на аеродромите.
Наградите за 2017 година се базирани на обработка на 13,82 милиони анкетни прашалници пополнети од корисници од 105 различни националности. Истражувањето е направено во периодот од Јули 2016 година до Февруари 2017 година и опфаќа 550 аеродроми во светот, оценувајќи го искуството на патниците низ различни клучни индикатори на аеродромските услуги и производи: пријавување, пристигнување, трансфери, купување, безбедност,  движење кон делот на заминувања се до гејтовите и други услужни сегменти. Светските аеродромски награди се глобален бенчмарк за висок квалитет на аеродромите, пошироко познати како Passenger Choice Awards.


Ohridnews 

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 479 гласови (34%)

Не - 390 гласови (28%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 524 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833